мини|десно|200п|Пивски џем од малина и ванила мини|десно|200п|Пивски џем од цреши послужен со земички
Пивски џем, познат и како пивско желе — џем приготвен од пиво како главна состојка. Тој може да биде благ или солен џем и понекогаш може да има течен состав. Џемот може да се користи за премачкување на месо и зеленчук или како зачин. Некои претпријатија произведуваат пивски џем за малопродажба.
Опис Основната состојка на пивскиот џем е пиво. Како последица на испарувањето на алкохолот при приготвувањето, пивскиот џем може да биде безалкохолен. Притоа, за негово приготвување може да се користат разни видови на пиво, како на пример ел, темно пиво и стаут.
Некои видови на пивски џем се со течен состав наместо како џем или желе, при што течните видови се користат за приготвување на мешани пијалаци и коктели. Од друга страна, некои видови може да содржат само пиво и пектин или да бидат посложени со мешање на благи и солени состојки. Благите видови може да содржат: шеќер, пимент, каранфил, портокалова сладина, ѕвезден анасон, лимон и ванила; солените видови, пак, може да содржат: домат, кромитче, мелен пармезан, маслиново масло, рузмарин, балзамичен оцет и шеќер или кафен шеќер.
Примена Пивскиот џем може да се користи како полнење за пецива, како средство за премачкување на месо и зеленчук или како додаток на прехранбени производи, како сирење, сувомеснати производи и двопек.
Галерија
Поврзано Пиво Џем
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пиво