Wyzant или Визант е претпријатие со седиште во Чикаго, Илиноис, што, како главна услуга, нуди можност за поврзување на ментори со ученици преку интернет. Визант е основана во 2005 година од страна на Ендрју Џиант и Мајк Вајзхан со $10.000 собрани по роднини и пријатели.
Според податоците од 2014 година, Визант има 80 редовно вработени лица и над 76.000 регистрирани ментори во својата база на податоци, броеви што, според нивното мрежно место, се зголемени на 100 и 80,000 до 2017. Наводно на wyzant.com има и 2 милиони регистрирани корисници, од учители за претшколска возраст, па сè до докторанди. Во 2013 година, најскапо платениот ментор на Визант заработил $120.000. Севкупно, до 2014, компанијата има заработено $100 милиони од менторските сесии и заведено околу 2,5 милиони ислушани часови.
Наводи
Надворешни извори Las Vegas Sun Crains. TechCrunch TechCrunch Chicago Tribune Crains
Категорија:Претпријатија од Чикаго Категорија:Претпријатија од Илиноис Категорија:Американски семрежни претпријатија Категорија:Претпријатија за обука и едукација