мини|Портрет на чтец од Руската православна црква (1878) Чтец (, , ) — лице што во некои христијански цркви е одговорно за гласно читање на извадоци од Светото писмо за време на литургијата. Во раните христијански времиња, чтецот имал особено значење поради слабата писменост на населението.
Православни цркви Во православните цркви чтецот е во редот на пониските чинови во свештенството, повисок од вратарот (денес го нема), а понизок од подѓаконот. Неговата главна улога е да ги чита лекциите од Стариот завет и епистоларните посланија за време на божествената литургија, како и да ги пее псалмите и антифоните. Постои посебна служба за ракоположување на чтеците, иако во денешно време и лаик може да ја врши улогата на чтецот со благослов на свештеник.
Чтецот може да носи расо, но најчесто само за време на богослужбитеЧтец на Православната википедија. мини|десно|Ракополагање на чтец во Финска
Римокатоличка црква Во обредот на римокатоличката црква „лектор“ го означува лицето кое е назначено да чита библиски текстови, освен текстови од Евангелието. Читањето на Евангелието за време на миси е резервирано за ѓаконот, или во негово отсуство за свештеникот. Но, исто така има и пошироко значење во смисла да означува лице кое е „поучено“ за лектор, а не само кога е назначено да чита.
Ова звање е класифицирано како едно од четирите помали чинови и во последниве неколку века им се доделувало само на оние кои се подготвувале да бидат ракоположени за свештеници.
Поврзано Ипоѓакон Аколут Пцалт
Наводи
Надворешни врски Чтец на Православната википедија Photo: Tonsure of a Reader Church Reading: A Vital Ministry by Deacon Sergius Halvorsen (Orthodox)
Категорија:Христијанство Категорија:Православие Категорија:Верски занимања Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ