Лилијана Танги – француска политичарка родена на година. Член е на движењето „Напред!“ (La République en marche !) и пратеничка во Националното собрание од Финистер од 21 јуни 2017 година.

Животопис Танги е родена во Панчево (Југославија) на 12 март 1967 година од татко Македонец и мајка Хрватка кои емигрирале во Франција.

Дипломирала Политички науки во Париз во 1990 година, магистрирала економија на универзитетот Париз 1 Пантеон-Сорбона и завршила специјалистички студии за меѓународни односи на универзитетот Пари-Дофин. Деветнаесет години работела во телекомуникациската компанија „Франс телеком“ која подоцна станала „Оранж“ (од април 1992 до декември 2010 година), потоа седум години во болничка администрација во Лорјан, а потоа во Кемпер.

Надворешни врски Mme Liliana Tanguy

Категорија:Француски политичари Категорија:Французи со македонско потекло