мини|Калајџиско во изведба на КУД „Кочо Рацин“ Калајџиско — машко македонско оро, кое кореографски потекнува од Велешко.Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 200-203
Ова е умерено брзо оро кое кон крајот се забрзува. Се одликува со мирни движења и балансирани чекори. Се игра со потскоци и ниски потклекнувања. Обилува со драмски елементи, својствени на калајџискиот занает. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Се држат за рамо. Ритамот е 11/16. Постојат две варијанти на ова оро.
Наводи
Надворешни врски
Калајџиско оро во изведба на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп
Категорија:Македонски ора