Пано Николов Манев или известен како Пано Ветерски (25 март 1894, — 15 јануари 1945, ) — македонски револуционер со пробугарска ориентација, деец на ВМРО, велешки војвода, а во Втората светска војна водач на бугароманска контрачета. Стрелан со други 52 двајца велешани соработници на бугарскиот фашистички окупатор. мини|Плоча во спомен на злосторот извршен врз Невена Георгиева-Дуња од страна на контрачетниците на Пано Манев (Ветерски).

Животопис

Пано Манев е роден во велешкото село Ветерско. Во 1920 година влегува во ВМРО (на Тодор Александров) и станува терорист на организацијата. Во периодот помеѓу 1920 до 1927 година тој заедно со Трајко Чундев и Стефан Петков влегуваат во Македонија каде што основуваат месни комитети на ВМРО. Заедно извршуваат атентати против српската власт во Велешко. Во 1927 година тој заедно со Трајко Чундев поставуваа бомба на линијата Велес - Скопје, при што настрадал пазачот на железничката линија. Кога Македонија 1941 е окупирана од Царството Бугарија, тој активно помага на бугарската окупациона фашистичка власт. Во ноември 1941 година тој станува намесник на селата Ветерско, Лугунци и Рудник. Кога се појавуваат првите партизански чети во Македонија, Манев ја формира првата про-бугарска Велешка контрачета со која се борат против македонските партизани и револуционери.Павловски, Јован. Судењата како последен пораз, Центар за информирање и издавачка дејност „Полог“, Тетово, 1977, стр. 198. Според бугароманскиот историчар Коста Црнушанов, тој е убиен заедно со уште 52 затвореници во велешскиот масакр на 15 јануари 1945 година.Църнушанов, Коста, „Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него“, Унив. изд. "Св. Климент Охридски", София, 1992. Убиен е поради неговата соработка со Бугарскиот фашистички режим и злосторствата кои тој и неговата контрачета ги вршела во реонот на Велешко, а во корист на Бугарија. Токму неговите контрачетници, заедно со бугарската полиција се оние кои и ја отсекуваат главата на малолетната Невена Георгиева - Дуња, ја наденуват на кол и ја шетаат по Велешките улици.

Признавање на неговите злодела Признание на злоделата на Пано Манев (Ветерски):

Поврзано

Невена Георгиева-Дуња Масакр во Велес (1945)

Белешки

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Ветерско Категорија:Македонски револуционери Категорија:Бугаромани Категорија:Родени во 1894 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Жртви во масакарот во Велес