Ланд (; ) – департман во југозападна Франција.

Историја Ланд е еден од првичните 83 департмани кои биле формирани за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Бил формиран од делови на покраините Гијена и Гаскоња.

За времена првата половина од XIX век големи делови од департманот биле покриени со слаба растителност (lande на француски) од каде потекнува неговото име. Растителноста покривала богата почва и периодично била горена, и на тој начин се добивале одлични пасишта за овците, за кои се смета дека околу 1850 година броеле помеѓу 900.000 и 1.000.000 во оваа област. Овците ги чувале овчари кои се движеле на штули и можеле да покриваат долги растојанија. Бројот на овци драстично се намалил во втората половина на XIX век, кога систематскиот развој на големи борови плантажи го трансформирал пејзажот и локалната економија.

Еден од најпознатите жители на Ланд бил францускиот економист од XIX век Фредерик Бастија.

Добитникот на Нобеловата награда, романописецот Франсоа Моријак своите новели ги сместува во Ланд.

Географија Ланд е дел од сегашниот регион Нова Аквитанија и е опкружен со департманите Жиронда, Лот и Гарона, Жер и Атлантски Пиринеи, како и со Атлантскиот Океан на запад. Со површина од преку 9000 км2, Ланд, после Жиронда, е вториот најголем департман на територијата на метрополитенска Франција.

Познат е по плажата Сребрен Брег која е најдолгата плажа во Европа и привлекува многу сурфери секоја година.

Во Ланд се наоѓа и замокот Шато де Гожак кој бил изграден во 1686 година.

Стопанство Од земјоделски аспект, Ланд е познат по своите пространи борови шуми кои се суровински материјал за дрвната и индустријата на смоли во областа. Шумите биле засадени во почетокот на XIX век за да се спречи ерозијата на песокливата почва од морето.

Туризам

Наводи

Надворешни врски

Prefecture website Conseil Général website

Категорија:Департмани во Франција Категорија:Департмани во Нова Аквитанија Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година