Батариски јазик — семитски јазик, дел од групата на јужноарапски јазици. Јазикот е сериозни загрозен и е под опасност од исчезнување. Јазикот се зборува(л) во југоисточниот брег на Оман. Батарискиот е во голем дел сличен со мехрискиот и поради тоа има одреден број Батаријци кои зборуваат на мехриски јазик.

Првиот научник од Западниот Свет кој го забележал јазикот бил Бертрам Томас во 1929 година.

Преглед Акцентот во батарискиот е секогаш на последниот долг слог, освен ако акцентската целост е составена од кратки слогови. Во таков случај, акцентот паѓа на првиот слог. Како и со останатите јужноарапски јазици, така и батарискиот има два рода (машки и женски) и три броја (еднина, двоина и множина). Двоината денес е застарена.

Бројот на батариски говорници се движи од 12 до 20 луѓе, што го прави јазикот пред изумирање. Исчезнувањето на јазикот се должи поради огромното влијание на арапскиот јазик, но исто така и силното влијание од мехрискиот јазик врз Батаријците. Мехрискиот го сметаат за попретижен јазик.

Наводи

Надворешни врски Профил на батарискиот јазик ('Проект загрозени јазици'). Список на батариски зборови

Категорија:Јазици во Оман Категорија:Јужноарапски јазици Категорија:Загрозени јазици во Азија