Зумајанскиот е исчезнат чадски јазик, дел од подгрупата на масански јазици од афроазиското јазично семејство. Јазикот се зборувал во Камерун. Овој јазик е познат само по неколку запишани зборови кои ги дал последниот говорник на овој јазик пред 2006. Денес нема луѓе кои го зборуваат овој јазик. Се верува дека говорниците на зумајански почнале да зборуваат на фулански.
Наводи
Поврзано Масански јазици
Надворешни врски Зумајански јазик на „Етнолог“.
Категорија:Масански јазици Категорија:Мртви јазици во Африка Категорија:Јазици во Камерун