Дански Вадеснки Острови () — група острови на западниот брбег на Јитланд, Данска. Од 1 јануари 2007 година припаѓаат на регионот Јужна Данска. Претходно припаѓале на окрузите Јужен Јитланд и Рибе.Den Store Danske: Amt

Данските острови се разликуваат од германските Севернофризиски Острови, бидејќи на нив не живеат Фризи.

Острови

Фане е сместен близу Есбјерг, со кој е поврзан со ферибот. Главни градови на Фане се Нордби и Сендерхо. Други градови се Вестерхавсбад и Риндби. Островот е долг 16 километри и широк 5 километри и има површина од 56 км2. Во 2005 година имал 3.169 жители."Cultural Entities (Denmark)Danish Wadden Sea Islands" . Lancewad Plan. Retrieved 9 December 2010. Целиот западен брег е исполнет со плажи, а на северозападниот дел на островот се наоѓа Серен-Јесенс-Санд, огромен песочен брег.

Манде е помал остров јужно од Фане, пооддалечен од копното. Тој е единствениот дански халиг, најблиску до описот на германските острови. Браната на Манде го држи морето кај заливот. Поголемиот дел од историјата на островот вклучува напори за враќање на делови од нивниот остров од морето.

Реме е моментално најјужен остров од оваа група (мал ненаселен поранешен остров Јордсанд е појужно, но потонал во 1999 година, оставајќи зад себе само песочен брег). Реме е поврзан со данското копно со пат преку насип и островот се наоѓат само 3 километри од германскиот остров Зилт, до кого има ферибот. Има бројни мали населби како Конгсмарк, Естерби, Лаколк и Сендерстранд.

Исто така, постои и малиот остров Лангли, кој се наоѓа во Хо Бугт, северно од Есбјерг. Тој е најсеверен остров од целата група. Некогаш бил дел од полуостров, но копнената врска била прекината во плимна бура пред неколку векови. Оттогаш, се создал провлак на запад и сега го штити Лангли од уништувачката моќ на морето. Денес, островот е дом на научна станица, сместена во вила изградена во век. Има површина од 8 км2 и може да се дојде од копното пеш на лето.

Јордсанд и Коресанд се два песочни брега во данскиот дел на Ваденското Море. Јордсанд е поранешен халиг.

Поврзано Список на острови во Данска

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Острови во Данска Категорија:Фризиски Острови