Исмаил Мачев ( во — во ) — македонски и југословенски атлетичар кој се натпреварувал на 400 метри. Учествувал на Летните олимписки игри 1988 и на две светски првенства. Бил добитник на сребрен медал на Средоземните игри во 1987 година.
Животопис
Мачев е роден во Скопје на 3 јануари 1960 година. Тој во кариерата има постигнато бројни успеси, меѓу кои се двата сребрени медали на Средоземните игри, во 1987 година во Сирија и 1991 година во Атина. Учествувал на ЛОИ 1988, како и на неколку Светски првенства. Во негова сопственост е и актуелниот рекорд на 400 метри, кој е сѐ уште недостижен за активните атлетичари - 45,83 секунди.
Мачев бил член на познатата „најбрза бела штафета“ 4x400 метри, заедно со Слободан Бранковиќ, Дејан Јовковиќ и Ненад Ѓуровиќ, која на Светското првенство во Токио во 1991 година го освоила четвртото место.
После натпреварувачката кариера Исмаил Мачев работел како тренер во Црвена Ѕвезда во Белград, каде бил премногу ценет и каде неколкупати добил награди за најдобар тренер во младински категории. По долго и тешко боледување, починал во Белград на 21 јануари 2019 година. Тој повеќе од две години се борел со рак на белите дробови, каде успешно минал и операција, но болеста повторно се вратила.Преминуо Исмаил Мачев
Меѓународни натпреварувања
За 1982 Европско првенство Атина, Грција 10. (h) 4×400 м штафета 3:08,44 1983 Средоземни игри Казабланка, Мароко 6. 400 м 46,271986 Европско првенство во сала Мадрид, Шпанија 4. (sf) 400 м 47,78 Европско првенство Штутгарт, Западна Германија 22. (h) 400 м 47,521987 Европско првенство во сала Левен, Франција 12. (sf) 400 м 48,15Светско првенствоРим, Италија 29. (qf) 400 м 46,54 10. (sf) 4×400 м штафета 3:03,30 Средоземни игри Латакија, Сирија2. 400 м 46,231988Олимписки игриСеул, Јужна Кореја 20. (h) 400 м 46,37 5. (sf) 4×400 м штафета 3:01,59 1990 Европско првенство Сплит, Југославија 5. 4×400 м штафета 3:02,461991 Средоземни игри Атина, Грција2. 4×400 м штафета 3:03,74 Светско првенство Токио, Јапонија 4. 4×400 м штафета 3:00,32
Лични рекорди
На отворено 200 метри – 21,5 (Скопје, 1981) 400 метри – 45,83 (Љубљана. 1987) 800 метри – 1:47,46 (Сараево. 1988)
Во сала 200 метри – 22,05 (Будимпешта, 1987) 400 метри – 47.11 (Будимпешта, 1990)
Наводи
Надворешни врски All-Athletics
Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Починати во 2019 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Југословенски спринтери Категорија:Македонски спринтери