мини|Питер Марфи на настап во 2011 година. мини|Питер Марфи во Сан Франциско, во 1987 година.Питер Џон Џозеф Марфи (англиски: Peter John Joseph Murphy, 11 јули 1957) — англиски рок-музичар и композитор. Тој е најпознат како пејач на групата „Баухаус“, а потоа објавил низа самостојни албуми, како: „Длабоко“ (Deep), „Светиот чад“ (Holy Smoke) и „Љубовна хистерија“ (Love Hysteria). Тенок, со изразена јаболчна коска на лицето, со длабок глас (баритон) и со мрачни текстови, често го нарекувале „кум на готскиот рок“.
Животопис Марфи е роден во Нортхемптон, но пораснал во Велингбороу, Нортхемптоншаер. Тој учел заедно со неговиот иден колега од „Баухаус“, Даниел Еш.
Музичка кариера Даниел Еш го убедил Марфи да ѝ се придружи на „Баухаус“, една од најпознатите групи на движењето познато како „готиски рок“. Групата е позната по честата употреба на „вселенски“ музички ефекти и театарската естетика карактеристична за глам-рокот. Во 1983 година, групата „Баухаус“ се појавила во воведната сцена од хорор-филмот „Глад“ (The Hunger), исполнувајќи ја познатата песна „Бела лугоси е мртов“ (Bela Lugosi's Dead). Додека трае сцената, камерата е фокусирана речиси исклучително врз Питер Марфи, а само попатно ги прикажува главните глумци во филмот Дејвид Боуви и Катрин Денев. По распадот, групата „Баухаус“ повторно започнала да работ вио 1998 година, кога заминала на турнеја.
Наводи
Категорија:Англиски рок-музичари Категорија:Англиски рок-пејачи Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски текстописци Категорија:Родени во 1957 година