алт=A girl wearing leg braces walks towards a woman. They are standing in a gym, and a treadmill is visible in the background.|мини| Истражувачите развиваат електричен стимулациски уред специјално дизајниран за деца со церебрална парализа, кои имаат флацидно стапало, што резултира со проблеми при одењето. Со текот на времето, пристапот кон справувањето со церебралната парализа напреднува од тесните обиди да се поправат поединечните физички проблеми, како што е спастичноста на одреден екстремитет, до правење на третмани со цел за максимизирање на независноста на лицето и ангажман во заедницата. Голем дел од детската терапија е насочена кон подобрување на одењето. Околу 60% од луѓето со ЦП можат да одат независно или со помош на возрасни. Меѓутоа, доказите за делотворноста на интервенционите програми сè уште не ја опфаќаат филозофијата на независност: делотворните интервенции за структурите и функциите на телата имаат цврсти докази, но недостасуваат докази за ефективни интервенции насочени кон ангажан во заедница или лични фактори. Исто така, нема добри докази кои покажуваат дека интервенцијата што е делотворна на ниво на специфичен дел од телото, ќе резултира со подобрување на нивото на активност или обратно.
Бидејќи церебралната парализа има "различна тежина и комплексност" во текот на животниот век, може да се смета за збир на проблеми кои треба да се справуват. Се препорачува мултидисциплинарен пристап за справувањето со церебралната парализа, со кој се фокусира на "максимизација на функцијата, изборот и назависнот на поединецот" во согласност со целите на Меѓународната класификација за функционирање, инвалидитет и здравје. Тимот може да вклучи педијатар, здравствен посетител, социјален работник, физиотерапевт, ортотист, говорен и јазичен терапевт, работен терапевт, наставник специјализиран за помагање на деца со оштетен вид, образовен психолог, ортопедски хирург, невролог и неврохирург.
Различни форми на терапија се достапни за луѓето кои живеат со церебрална парализа, како и за старателите и родителите. Во третманот може да се вклучи: физиотерапија; говорна терапија; лекови за контрола на нападите, олеснување на болката или релаксирање на мускулни грчеви (на пр. бензодијазепини ); хируршка исправка на анатомски абнормалности или ослободување од спастични мускули; ортотични помагала; комуникациски помагала, како што се компјутери со приложени говорни синтезатори; работна терапија. Ревизија објавена во 2004 година, во Кохран, наоѓа тренд кон подобрување со помош на говорна и јазична терапија за деца со церебрална парализа, но и ја истакнува потребата истражување од висок квалитет. Во систематскиот преглед од 2013 година е утврдено дека многу од терапиите кои се користат за лекување на ЦП немаат добра база на докази. Третманите со најдобри докази се лековите (антиконвулзиви,ботулин токсинот, бисфосфонати, дијазепам), терапии (бимануелно тренирање, поставување на протеза, терапија со ограничување на движењата, фитнес тренинг, целна терапија, домашни програми, работна терапија по давање на ботулин токсинот, нега со притисок) и хирургијата (селективна дорзална ризотомија).
Начин на живот десно|мини| Физичка терапија која се користи за третман на спастична хемиплегија. Физичка активност се препорачува кај лица со церебрална парализа, особено во однос на кардиореспираторната издржливост, зајакнувањето на мускулите и намалувањето на седентарниот живот. Физичката активност може да дополни или да замени некои форми на терапија. Се тврди дека луѓето со церебрална парализа треба да одржуваат повисоко ниво на фитнес отколку општата популација, за да го неутрализираат губењето на функционалноста додека стареат. Вежбањето често може да зависи од перцепцијата на старателите за тоа дали тоа дали би било од корист за лицето со ЦП. Постои зголемен интерес за одржување на мускулната сила во тек на животен век на лице со КП. Аеробниот капацитет рутински не се проценува кај лица со церебрална парализа во контекст на рехабилитација, но Wingate тестовите се препорачуваат за употреба. Бихевиорални методи се користат за промовирање на физичката активност кај младите луѓе со церебрална парализа, но нема значителни докази за истите. Тешко е да се одржат промени во однесувањето, во смисла на зголемување на физичката активност, кај децата со ЦП. Иако вообичаено се препорачува вежбање, постои само мал број на докази за тоа дека аеробните вежби се добра за целокупната моторната функција кај децата. Треба да се почитува календарот за вакцинација, бидејќи болести кои се превенираат може да ја одземат енергијата што лицето со ЦП нормално би ја користело во секојдневниот живот.
Терапија Физиотерапија (исто така познат како физикална терапија) е дизајнирана да го поттикне пациентот да изгради сила за подобрување на одењето и волевите движења, заедно со програми за истегнување, со цел да се ограничат контрактурите. Физиотерапевтите можат да ги научат родителите како да помогнат на детето во однос на активностите од секојдневниот живот. Потребата за доживотна физиотерапија, за тонусот на мускулите, структурата на коските и спречувањето на дислокација на зглобовите, е дебатирана во однос на трошоците и придобивките. На децата долготрајната физикална терапија може да им биде здодевна.
Говорната терапија помага во контролата на мускулите на устата и вилицата и помага во подобрување на комуникацијата. Исто како што ЦП може да влијае на начинот на кој лицето ги движи рацете и нозете, така може да влијае на начинот на кој ја движи устата, лицето и главата. Ова може да го отежни човекот да дише, да зборува јасно, и во џвакање и голтање на храната. Говорната терапија често започнува пред детето да започне со школување и продолжува во текот на училишните години.
Биофидбек е терапија во која луѓето учат како да ги контролираат нивните зафатени мускули. Биофедбек терапијата значително го подобрува одењето кај деца со церебрална парализа. Огледалната терапија се користи за да се подобри функцијата на рацете и се покажа дека е "генерално ефикасна во подобрувањето на мускулната сила, брзината, мускулната активност и точноста на двете раце". Огледалната терапија од втора генерација, вклучува употреба на роботиката или виртуелната реалност, е развиена уште од 2000-тите, но доказите што ја поддржуваат се со низок квалитет.
Терапијата со масажа е дизајнирана да им помогне да ги релаксираат напнатите мускули, да ги зајакнат мускулите и да ги одржуваат флексибилните зглобови
Анализа на одењето често се користи за да се опишат абнормалностите на одењето кај децата. Се покажа дека обуката на одење ја подобрува брзината на одење кај деца и млади со церебрална парализа.
Работната терапија им помага на возрасните и на децата да ја максимизираат својата функција, да се прилагодат на нивните ограничувања и да живеат колку што е можно поединечно. Професионалните терапевти тесно соработуваат со семејствата со цел да се справат со нивните грижи и приоритети за нивното дете. Семејната грижа е парадигма која често се користи со семејства со дете со ЦП. Ревизија за како родителите го олеснуваат учеството на нивното дете, покажа дека родителите обично "овозможуваат и поддржуваат изведба на значајни активности", но дека има малку напишано за потребите на родителите.
ЦП најчесто предизвикува хемиплегија. Пациентите со хемиплегија имаат ограничена употреба на екстремитетите на едната страна од телото, а нормално можат да ги употребуваат екстремитетите од другата страна. Луѓето со хемиплегија често се приспособуваат со игнорирање на ограничените екстремитети и вршење на скоро сите активности со непроменети екстремитети, што може да доведе до зголемени проблеми со мускулниот тонус, моторна контрола и опсегот на движење. Новата техника наречена терапија со ограничување на движењата (CIMT) е дизајнирана да го реши овај проблем. Во CIMT, непроменетите екстремитети се ограничени, принудувајќи го поединецот да научи да ги користи погодените екстремитети. година има ограничени, прелиминарни докази дека CIMT е делотворна терапија, но потребни се повеќе истражувања пред да може да се препорача со доверба. CIMT, изменет CIMT и принудена употреба се три терапии на движење кои биле испитувани. CIMT се дефинира како "ограничување на непроменетиот горен екстремитет [...], со повеќе од три часа на терапија дневно [...] и се прави најмалку две последователни недели". Изменетиот CIMT (mCIMT) е дефиниран како "ограничување на непроменетиот горен екстремитет и помалку од три часа дневно терапија на погодените екстремитети". Присилната употреба е кога се применува "ограничување на непроменета горната екстремитет, но не е обезбеден дополнителен третман на погодените горните екстремитети". Ревизија заклучува дека постои позитивен тренд во корист на сите три горенаведени терапии.
Споредбата на бимануелниот тренинг (BIT) и CIMT покажа дека нема значителни разлики помеѓу двата во однос на ефектите. Сепак, биманалната обука може да биде подобра да се интегрира во секојдневниот живот на детето, бидејќи целите во бимануелниот тренинг се пофункционални. CIMT има некои предности, како на пример терапевтите можат единствено да се фокусираат на погодената рака, а детето нема друг избор освен да ја користи погодената рака во нивните активности од секојдневниот живот, бидејќи нивната непроменета рака е ограничена. Во бимануелното тренирање, детето може да продолжи да ја користи непроменетата рака за да компензира, доколку неговиот терапевт или родител не ги потсетува да ги користат двете раце.
Сепак, има само мал корист од терапијата. Третманот обично е симптоматски и се фокусира на помагање на лицето да развие што е можно повеќе моторни вештини или да научи како да го надомести недостатокот од нив. Кај луѓето со ЦП кои не зборуваат, честопати успешна е помош со агментативна и алтернативна комуникација (AAC).
Терапевтските тестови за проценка на рамнотежата немаат добар докази. Тестовите со најсилни докази се скалата за контрола на торзото и скалата за степен на седентарност (при мерење на способноста за одржување на рамнотежа), тест за заминување и движење (при мерење на способноста за постигнување рамнотежа) и сегментална проценка на контролата на торзото (при враќање на рамнотежата).
Асистивна технологија Асистивната технологија најчесто се користи за промовирање на независноста на лицата со попреченост. Во најчесто користена технологија за лица со церебрална парализа влегуваат дигалки за пациент, ортототика, електрични инвалидски колички, инвалидски колички, помагала за оброк (како што се поголем прибор за јадење и се душеци отпорни на лизгање), помагала за движење, рамки за стоење, не-моторизирани инвалидски колички, аугментативна и алтернативна комуникација и уреди за генерирање на говор. Scope го идентификувал 3D печатењето како област која има потенцијал да печати прилагодена ортотика на барање.