Димитар Кочевски-Мичо (Света Петка, Леринско, - ) — македонски сликар

Животопис Роден e во селото Света Петка, Леринско, Егејска Македонија. Средно уметничко училиште завршил во Скопје, а во 1968 година завршил Академија за применета уметност во Белград во класата на Александар Томашевиќ. По завршувањето покажал интерес за повеќе ликовни и применети дисциплини: графика и графички дизајн, сликарство, цртеж, илустрација и плакат. Работел како графички дизајнер во битолските фирми: Фабрика за фрижидери „Ѓорѓи Наумов“, Печатницата „Киро Дандаро“ и во „Фустеларко-борец“. Член на ДЛУМ е од 1970 година, а во 1974 година учествувал во формирањето на Друштвото на ликовните уметници на Битола (ДЛУБ). Во 1977 година со Илија Кочовски и Свето Манев ја формирале групата „77“. Групата се афирмирала и имала бројни изложби во Македонија и во Белград.

Награди Награда „4 Ноември“ за ликовна уметност (2000) Најдобар театарски плакат во Нови Сад Најдобар театарски плакат во Прилеп

Наводи

Категорија:Македонски сликари