мини|Надгробниот споменик на Бела Илеш
Бела Илеш (; во — во ) — унгарски ориентален новинар и писател. Неколку негови дела се преведувани на повеќе јазици. Се занимавал посебно со меѓукултурни теми од Закарпатската област, тогаш на границата на Австроунгарија и Руското Царство и со лошата положба на селата и националните малцинства (Русини, Евреи).
Во текот на 1916 година станал доктор на правни науки, за време на Првата светска војна се борел на романскиот, албанскиот и италијанскиот фронт. После кратката пауза во Виена се преселил во Советскиот Сојуз каде што работел во фабрика како обичен работник, а подоцна станал член на секретаријатот „Здружение на Советските писатели“. Во Втората светска војна бил доброволец во одбраната на Москва. Во Будимпешта се вратил во 1945 година и таму се занимавал со пишување на книги.
Дела Doktor Utrius Pál honvédbaka iratai (1916)(Записи на војникот Пал Утријус) Ég a Tisza (1929) (Тиса и небото) Kárpáti rapszódia (1939) (Карпатска рапсодија) Új bor (1945) (Ново вино) Erdei emberek (1945) (Шумски луѓе) Zsatkovics Gergely királysága (1946) (Кралевството на Гергељ Затковиќ) Fegyvert és vitézt éneklek (1949) (Пеам на војникот и оружјето) Vígszínházi csata (1950) (Комична борба) Honfoglalás (1952) (Освојување) Harminchat esztendő (1956)(Триесет и шест години) Válaszúton (1958) (Раскрсница) Anekdoták könyve (1960) (Кинга на анегдотите) Lövészárokban (1966) (Во ров) Pipafüst mellett (1967) (Покрај чад од тутун) Varázsló inasok (1978) (Учениците на волшебникот)
Категорија:Унгарски писатели Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен