мини|250п|Првата страница на ракописот. Дело на Унгарците () е хроника за раната историја на Унгарците, напишана од страната на авторот како Magister P, кој е во литературата познат и како Анонимен. Тоа што се знае за него е тоа што го напишал: „Верен слуга на кралот Бела“. Ова не дава доволно податоци за авторот, бидејќи имал можност да служи на неколкумина кралеви под името Бела. „Унгарската хроника“ е напишана околу 1200 година, а содржината е мешавина на традиционалното усно предание и на старите писмени извори и хроники.
Настанок Хроника е напишана како литературна работа заснована на слични работи на западноевропските хроники, кои тогаш биле во мода.
Содржина мини|200п|лево|Споменик на Анонимниот во замокот Вајдахуњад. Во „Хрониката” се опишани сите важни личности од тоа време, а нивните врски со владеачките династии на Кралството Унгарија, како и на припадниците на владатачката династија Арпадовци со своите сојузници. Исто така е опишана улогата на Арпад, а во населението Унгарци на денешните простори на Карпатите во Панонската Низина во 10 век.
„Унгарската хроника“ е мешавина од потврдени историски факти и од информации кои не можат да се потврдат со други извори. Наводите од некои дела на оваа хроника се контрадикторни со информациите кои не можат да се најдат во германските хроники, а според некои мислења поединечни имиња кои се споменуваат во делото произлегле од називи на локалните топоними. Меѓутоа голем дел од содржината има директна врска со поранешните извори или го спомнуваат населувањето на Унгарците на просторот на Карпатскиот басен.
мини|десно|250п|Мапа на Средна Европа пред доаѓањето на Унгарците според Унгарската хроника. Мапата ја изработил унгарскиот историчар, Шандор Марки. мини|десно|250п|Војводствата на Салан и Глада во Бачка и Банат, според толкувањето на Унгарската хроника Главното спорно прашање на хрониката е спомнувањето на одредените локални владетели, како: владетелот на Власите и Словените, Гело, владетелот на Видин и Банат, Глад, владетелот на област од реката Тиса кон Трансилванија, Менуморут.
Постоењето на овие владетели е оспорено од страната на некои историчари од Унгарија и Словачка, додека спротивно на тоа, другите историчари (романски, унгарски и српски) ја поддржале веродостојноста на овие тврдења на Ѕнгарската хроника. Фактот кој најмногу влијаел врз испитувањето на веродостојноста на оваа хроника е дека наводно Куманите биле староседелци на Трансилванија, а тие според прифатените историски податоци дошле до овие простори 150 години после Унгарците. Според некои мислења, Анонимус тогашните Печењези ги нарекол Кумани, бидејќи говореле сличен јазик и живееле на иста територија.
Автор Хипотезите за идентитетот на мистериозниот Магистер П. ги вклучува тврдењата дека овој автор можел да биде:
* Бележник и советник на унгарскиот крал Бела III (1172—1196) – денеска оваа гледиште општо е прифатено.
Советник на унгарскиот крал Бела II (1131—1141), Петрус кој во 1124 бил и советник на претходниот крал Стефан II, крал на Унгарија, Петар Поша, босански бискуп.
Литература Neagu Djuvara, O scurtă istorie a românilor, povestită celor tineri. Bucharest, 2002. Anonymus gestája Helikon kiadó, 1977 ISBN 963-207-076-3 Szent István Társulat, 2003 ISBN 963-361-444-9 Osiris Kiadó, ISBN 963-389-606-1 Kézai Simon gestája М Osiris Kiadó, ISBN 963389606
Поврзано Историја на Унгарија Унгарска илустрирана хроника
Надворешни врски
Цитати Хрониката на унгарски јазик Карта на Средна Европа според Унгарската хроника
Категорија:Унгарија во средниот век Категорија:Србија во средниот век Категорија:Војводина во средниот век Категорија:Историја на Бачка Категорија:Историја на Банат Категорија:Романија во средниот век Категорија:Историја на Трансилванија Категорија:Украина во средниот век Категорија:Словачка во средниот век Категорија:Унгарска книжевност Категорија:Средновековна книжевност