Свети Никола — главна селска црква во селото Голем Радобил. Сместена е на околу стотина метри од влезот на селото.
Историја Црквата била изградена во 1870 година.„Црква „Свети Никола“, село Големо Радобил“. OldPrilep. 28 февруари 2013.
Архитектура Градбата на црквата претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на источната страна. На западната страна има отворен трем кој бил изграден во време на подигање на храмот.<ref name="oldprilep">Главниот влез се наоѓа на западната страна. Во средишниот дел од западниот ѕид над тремот има ниша со фреска на која е прикажан Свети Никола. Спореден влез има на северната страна и над него има ниша со фреска на патрониот светец. Објектот е изграден од бигор и е покриен со кров од ќерамиди. Црквата е зографисана.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а камбанаријата се издига над влезната порта. Таа има квадратна основа и е покриена со пирамидален лимен кров.
Галерија
Поврзано Голем Радобил Селска Црква Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Голем Радобил Голем Радобил