Терапевтски мониторинг на лекови (TDM, од ) е гранка на клиничката хемија и клиничката фармакологија која се занимава со мерење на концентрацијата на лековите во крвта. Нејзиниот главен фокус се лековите со тесен терапевтски опсег.Marshall WJ, Bangert SK. Clinical Chemistry, 6th Edition. Edinburgh, London: Mosby Elsevier. 2008.
Одлики на лековите кои се предмет на TDM TDM ќе биде корисен ако се исполнети следните услови: Лек кој има мал тераписки опсег (антиепилептици, теофилин, аминогликозиди, антибиотици, литиум, дигоксин) Постои директна врска помеѓу нивото на лекот или неговиот метаболит во плазмата и фармаколошкиот или токсичниот ефект, Терапевтскиот ефект не може лесно да се оценува од страна на клиничката опсервација, ефектот е тешко мерлив (антиепилептици, теофилин, антиаритмици) Голема поединечна варијабилност во steady state плазма концентрација во било која дадена доза При истовремена терапија на сè поголем број лекови со цел да се утврди правилниот режим на дозирање поради можните интеракции помеѓу лековите Достапни соодветни аналитички техники за да се утврди нивото на лекот и метаболитот.
Примери за лекови кај кои вообичаено се раоти TDM се: Аминогликозидни антибиотици (гентамицин) Антиепилептици (како карбамазепин, фенитоин и валпроична киселина) Стабилизатори на расположението, особено литиум Антипсихотици (како пимозид и клозапин) Биолошки моноклонални антитела (како адалимумаб, цертолизумаб пегол и инфликсимаб)
Наводи
Категорија:Фармакокинетика Категорија:Фармација