Фридрих III (18 октомври 1831 година - 15 јуни 1888) бил германски цар и крал на Прусија деведесет и девет дена во 1888 година. Познат неформално како „Фриц“,MacDonogh, p. 17. тој бил единствениот син на царот Вилхелм I и бил воспитан во семејната традиција на воена служба. Иако уште како млад човек се прославил со успесите за време на Втората Шлезвишка војна Австриско-пруската и Француско-пруската војна,Kollander, p. 79.The Illustrated London News тој сепак искажувал омраза кон војувањето и бил ценет од пријателите и непријателите за неговото хумано однесување. По обединувањето на Германија во 1871 година, неговиот татко станал германски цар. По смртта на Вилхелм на возраст од деведесет години (на 9 март 1888 година), престолот преминал на Фридрих, кој дотогаш бил германски престолонаследник и принц од Прусија. Фридрих умрел од рак на грлото на возраст од педесет и шест години, по неуспешните медицински третмани.
Фридрих се оженил со принцезата Викторија, најстарата ќерка на кралицата Викторија од Обединетото Кралство. Фридрих, и покрај неговата конзервативна милитаристичка семејна позадина, развил либерални тенденции како резултат на неговите врски со Британија и неговите студии на Универзитетот во Бон. Како престолонаследник, тој честопати се спротивставил на конзервативниот канцелар Ото фон Бизмарк, особено во говорот против политиката на Бизмарк за обединување на Германија со сила, и во поттикнувањето да се спречи моќта на канцеларот. Либералите во Германија и во Велика Британија се надевале дека како император, Фредерик III би започнал либерализација на германската империја.
Фридрих и Викторија биле обожаватели на принцот Алберт, сопругот на кралицата Викторија. Тие планирале да владеат како пријатели, како Алберт и кралицата Викторија, и да го реформираат она што го виделе како недостатоци во извршната власт на Бизмарк. Канцеларијата на канцелар, одговорна за царот, требало да биде заменета со кабинет во британски стил, со министри одговорни пред Рајхстагот. Фридрих го опишал империјалниот устав како „генијален измислен хаос“.Balfour, p. 69. Меѓутоа, неговата болест го спречила делотворно да воспостави политики и мерки за да го постигне ова, а неговите мерки подоцна биле напуштени од неговиот син и наследник, Вилхелм II.
Времето на смртта на Фредерик и должината на неговото владеење се важни теми меѓу историчарите. Прераната смрт на Фридрих III се смета за потенцијална пресвртница во германската историја.Tipton, p. 175. мини|Споменик на Фридрих Вилхелм III во Келн, Германија
Наводи
Категорија:Витези на Подвеската Категорија:Витези на Златното Руно Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (воен) Категорија:Протестантски монарси Категорија:Луѓе од Потсдам Категорија:Кралеви на Прусија Категорија:Хоенцолерни Категорија:Германски цареви Категорија:Руски фелдмаршали Категорија:Починати во 1888 година Категорија:Родени во 1831 година Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Носители на Големиот крст на Железниот крст