мини|Вршидба со коњи во Бугарија мини|Вршидба на ориз во Бангладеш
Вршидба или вршење – дејство на раздвојување на зрната на житото од класот со помош на чукало или вршалка. Тоа е чекор во подготовката на житото по жнеењето а пред веење, кое го одделува житото од плевата. Вршењето не ги двои триците од житото, истото се прави при мелењето.
Вршидбата може да се врши со удирање по снопјата распослани на гумно користејќи вршило. Друг традиционален метод на вршидба бил со газење на снопјата распослани на гумно со коњи, магариња или волови кои се вртат во круг околу стожер. Модерна верзија на вршење во некои области е да се распостели житото на површината на патот, па зрната се двојат од класјето со газењето на тркалата на возилата што минуваат.M. Partridge, Farm Tools through the Ages (1973)
Рачното вршење било макотрпен процес кој одземал многу време. Во доцниот 18 век, пред вршењето да биде механизирано, четвртина од земјоделскиот труд отпаѓал на вршењето.
Индустријализацијата на вршидбата започнала во 1786 година со пронаоѓањето на вршалката од страна на Шкотланѓанецот Ендру Мекле. Денес, во развиените подрачја, вршењето е машинско, обично со комбајн, кој го жнее, врши и вее житото додека сè уште е в поле.
Житото може да се чува во амбари или силоси.
Во минатото, вршидбата се празнувала. Денес, првична намена на вршењето генерално исчезнала, иако традицијата преживеала во некои општества.
Традиционално, во Македонија и на Балканот, вршидбата најчесто се изведувала со животни кои ги газеле снопјето распослани на гумното околу стожерот, по што земјоделците ги одвојувале зрната од сламата. Сламата се собирала од гумното каде што се вршело и се редела во копи, а житото се веело и потоа складирало во амбари. На крајот на вршидбата обично се празнувало и гоштавало.
Галерија
Поврзано Жнеење Веење Гумно Стожер Слама
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Земјоделство Категорија:Жетва