Германија била претставувана од Вин Хуп со песната Bonne nuit ma chérie (мак: Добра ноќ мила моја), на натпреварот за песна на Евровизија во 1960 година, кој се одржал на 29 март во Лондон. Песната била избрана на германското финале кое се одржало на 6 февруари. Песната била испеана на германски јазик и покрај тоа што нејзиниот наслов е на француски јазик.
На Евровизија На финалниот настан Вин Хуп настапил единаесетти по ред, по Холандија и пред Италија. Во 1960 година не постоеја конкретни правила во однос на должината на песната, иако упатствата на Европскиот радиодифузен сојуз сугерирале дека идеалните песни требало да бидат не подолги од 3 минути и 30 секунди. Германија била само една од неколкуте држави кои го игнорирале советот, бидејќи нивната песна траела вкупно 4 минути 10 секунди. На крајот на гласањето "Bonne Nuit, Ma Chérie!" добила 11 бода, со што Германија завршила на четвртото место (заедно со Норвешка ) од вкупно 13 настапи. Германското жири му доделило 7 од своите 10 бода на Монако.
Гласање Секоја држава имала жири од десет луѓе. Секој член на жирито требало да даде еден бод на неговата или нејзината омилена песна.
Поврзано
Германија на натпреварот за песна на Евровизија Конкурс за песна на Евровизија 1960
Категорија:Музика во Западна Германија Категорија:Евровизија 1960 Категорија:Германија на Евровизија