Лазар Кунгалов ( Радово, Серско — , Чучулигово, Пиринска Македонија) — македонски револуционер, деец на ВМОРО.

Животопис

Лазар Кунгалов како член на ВМОРО со Тома Радовски раководат мала чета која дејствува по течението на реката Струма. Целта е собирање оружје и пари за организацијата. Во периодот околу Балканската војна, Лазар е во четите кои се формирани и дејствуваат во Серскиот револуционерен округ на ВМОРО. Поради својата активност пати неговото семејство, тоа е иселено од грчките власти во реонот на Волос, на 215 километри јужно од Солун. По преселувањето на семејството во Чучулигово, Петричко, Лазар и Тома Радовски со четата движеле и во тој реон. Кон крајот на својата активнот Лазар се населил во селото Чучулигово. Живеел одделно од фамилијата, во сопствена куќа.

Во 1941 година се преселил во Сер, каде имал своја кланица и месарски дуќан.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Луѓе од Радово (Валовишко)