Речник на македонскиот јазик може да се однесува на:

Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, тритомен речник на македонскиот јазик со толкувања на српскохрватски јазик. Речникот е издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ под организација на Специјалната комисија во состав: Блаже Конески, д-р Михаил Петрушевски и Крум Тошев. Толковен речник на македонскиот јазик, шесттомен толковник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во периодот од 2003 до 2014 година под редакција на Кирил Конески (главен уредник), Живко Цветковски и Снежана Велковска (раководител на проектот). Дигитален речник на македонскиот јазик, дигитален толковен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од SAM97 GmbH. Официјален дигитален речник на македонскиот јазик, еднојазичен описен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од Владата, Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.