Списокот на Адријан Месинџер (англиски: The List of Adrian Messinger) - американски филм од 1963 година, во режија на Џон Хјустон (John Huston), според сценариото на Филип Мекдоналд (Philip MacDonald), засновано врз неговиот истоимен роман од 1959 година. Главните улоги ги толкуваат: Кирк Даглас (Kirk Douglas), Џорџ Ц. Скот (George C. Scott), Дејна Винтер (Dana Wynter), Клајв Брук (Clive Brook), Гледис Купер (Gladys Cooper) и Џон Меривејл (John Merivale). Во ситни улоги, во филмот се појавуваат и: Тони Кертис, Берт Ланкастер, Роберт Мичам, Френк Синатра и режисерот Хјустон.HRT, The List of Adrian Messenger, američki film (пристапено на 22.5.2019)

Синопсис Писателот Адријан Месинџер (го игра Меривејл) верува дека неколку несреќни случаи се меѓусебно поврзани и дека се работи за убиства. Тој го замолува својот пријател Ентони Гетрин (го игра Скот), пензиониран службеник во МИ5 да му помогне при што му го дава списокот со имињата на жртвите. Набргу, авионот со кој патува Месинџер е разнесен од експлозија и тој погинува. Сепак, еден од преживеаните се присетува на последните зборови на Месинџер, кои му помагаат на Гетрин да ја разоткрие тајната. Имено, сите претходни жртви во текот на Втората светска војна се бореле во Бурма и биле затворени во заробенички логор. Притоа, еден од нивните соборци (го игра Даглас) бил предавник, а потоа, тој заминал во Канада при што бил роднина на богат аристократ во Англија. Неговиот план е да ги убие сите заробеници во логорот во Бурма за да не остане ниеден сведок за неговото предавство. Откако извршува уште неколку убиства, тој пристигнува на имотот на богатиот аристократ, учествувајќи на ловот на лисици. Меѓутоа, тој дознава дека е откриен од Гетрин и затоа му подготвува замка, со намера да го убие. Меѓутоа, Гетрин е повешт и успева да го фати убиецот, кој во меѓувреме се маскирал како старец.

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Криминалистички филмови Категорија:Филмови од 1963 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Џон Хјустон Категорија:Филмови со Џорџ Ц. Скот Категорија:Филмови со Кирк Даглас Категорија:Филмови со Клајв Брук Категорија:Филмови со Дејна Винтер Категорија:Филмови со Френк Синатра Категорија:Филмови со Тони Кертис Категорија:Филмови со Берт Ланкастер Категорија:Филмови со Џон Хјустон Категорија:Филмови со Роберт Мичам Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Англија Категорија:Филмови засновани на книги Категорија:Филмови поврзани со убиства Категорија:Филмови за сериски убијци