мини|Лапит и кентаур: метопа од Партенон. Лапити во старогрчката митологија било племе кое во прво време се населило на север на Тесалија, а потоа се проширило кон југ до Пелопонез и на исток до Родос и Крит.
Потекло на поимот Името Лапити можеби потекнува од зборот lapicidae што значело „парче кремен“.Роберт Гревс. 1995. Грчки митови. 6. издање. Нолит. Београд.
Митологија Лапити се споменуваат како јунаци кои учествувале во кентауромахија; митска борба што избувнала меѓу нив и Кентаурите за време на свадбата на Пиритој и Хиподамија, ловот на Калидонскиот вепар и походот на Аргонаутите. Главни јунаци биле Кенеј и Пиритој, а многу подоцнежни хероји и членови на угледни семејства потекнувле токму од оваа племе.Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд. Според Диодор и Хомеровата „Илијада“, предок на Лапити бил Лапит, синот на Аполон и Стилба, брат на кентаурите. Бил оженет со Орсинома, со која ги имал синовите Форбант, Триоп и Перифант.-{Greek Myth Index: Lapithes}- , Посетено на 10. 4. 2013.
Во уметноста Најчесто се прикажувани во кентауромахија. Една од најзначајните градби во Алтис, храмот на богот Зевс има мермерни украси, кои помеѓу останатото ја прикажуваат и борбата на Лапитите и Кентаурите во присуство на богот Аполон.Срејовић, Д. 1997. Археолошки лексикон. Савремена администрација. Београд.
Наводи
Надворешни врски
Варбург иконографски институт
Категорија:Лапити Категорија:Старогрчка митологија