Маурицио Сари (роден на 10 јануари 1959 во Неапол) — италијански фудбалски тренер, кој во моментов ја води екипата на .

Сари никогаш не играл фудбал професионално, играл само на аматерско ниво на позицијата централен одбранбен играч додека во исто време работел како банкар. Во 2005 година, ја добил својата прва работа во Серија Б потпишувајќи договор со екипата на Пескара. Во 2014 година, изборил промоција во Серија А како тренер на Емполи, а откако во својата прва сезона како тренер во најсилната италијанска лига изборил опстанок освојувајќи го 15-тото место на табелата, бил назначен за тренер на екипата на Наполи. Како тренер на партенопеите освоил две втори места во Серија А и добил неколку поединечни награди. Во летото 2018 година, преминал во англискиот Челси, со кој го освоил третото место во Премиер лигата и ја освоил УЕФА Лигата на Европа.

Животопис Сари е роден во населбата Бањоли во Неапол. Неговиот татко Америго е поранешен велосипедист роден и пораснал во Тоскана, а потоа се вратил во овој регион со своето семејство по завршувањето на неговиот мандат како градежен работник за Италсајдер, челичната компанија. Сари израснал во соседството Фиљине Валдарно, а своето време во младоста го поделил играјќи како аматерски фудбалер и банкар во Банка Монте деи Паски Сиена во Тоскана. Неговата работа како банкар му овозможила да патува по земјите низ Европа, работејќи во Лондон, Цирих и Луксембург.

Играјќи како централен одбранбен играч, во својата играчка фудбалска кариера Сари играл само на аматерско ниво, за екипата на Филиње, и имал неуспешни проби во далеку попознати екипи како и . Набргу потоа тој ја завршил својата кариера во Филиње како резултат на повреди.

Додека бил фудбалер, Сари во утринските часови работел во банката, а попладне и навечер тренирал и играл натпревари. Во 1990 година, на возраст од 30 години, тој се преоренитал на тренерска кариера, следејќи го истиот распоред што го почитувал за целиот негов работен век. Откако во 1999 година бил назначен за тренер на нисколигашот Теголето, тој се одлучил да се откаже од својата работа за да се посвети исклучиво на својата тренерска кариера.

Тренерска кариера Рана кариера Првиот клуб во кој Сари работел како тренер бил УСД Стиа 1925, кого започнал да го тренира во 1990 година во деветтата лига во Италија позната како Секонда Категорија. Следната година тој бил назначен за тренер на клубот од истата лига, Фаељезе, кој го одвел до Промоционе (седмата лига по ранг).

Потоа Сари работел во УСД Карвиља и УС Антела, две екипи во кој забележал нови позитивни резултати водејќи ги двете екипи до промоција во Екеленца, тогаш шестото ниво на италијанскиот фудбал. Во 1998 година ја преземал тренерската функција во Валдема, клуб од истата лига, но добил отказ следниот јануари. Потоа тој го презел УС Теголето, исто така во истата лига во септември 1999 година, но го напуштил клубот на крајот на сезоната откако успеал да обезбеди опстанок и завршил на 11. место.

Сансовино и Санџованезе Во 2000 година, Сари потпишал договор со Сансовино кој исто така во тоа време играл во Екеленца, и успеал да оствари промоција во Серија Д (петта лига) веќе во неговата прва сезона во клубот; тој останал уште две сезони на чело на клубот, достигнувајќи до плејофот за промоција во Серија Ц2 (четврта лига) во неговата последна сезона. Тој, исто така, го освоил Купот на Италија Серија Д со клубот за сезоната 2002-2003.

Неговите успеси со Сансовино довеле до тоа клубот од Серија Ц2, Санџованезе, да го назначи за свој тренер во 2003 година. Во својата деби сезона во професионалниот фудбал тој остварил промоцијата во Серија Ц1 (трета лига) во сезоната 2003-2004 и го одвел клубот до осмото место во оваа лига следната сезона. По две сезони во клубот, на 18 јуни 2005 година поднел оставка.

Пескара, Арецо и Авелино На 9 јули 2005 година, Сари потпишал договор со екипата на , со која дебитирал во Серија Б во сезоната 2005-2006, обезбедувајќи опстанок на три кола пред крајот. На 30 јуни 2006 година тој поднел оставка.

На 1 ноември 2006, Сари ја преземал функцијата во Арецо, заменувајќи го на клупата Антонио Конте. Таа сезона Арецо остварил незаборавен успех во Купот на Италија каде стигнале до четвртфиналето елиминирајќи го кој тогаш играл во Серија А, пред да бидат елиминирани од со вкупни 2-1 (0-2 во Милано, 1-0 во реваншот). На 13 март 2007, тој бил отпуштен, оставајќи зад себе резултати што ќе останат во историјата на тосканскиот клуб: како ремито 2-2 дома со Јувентус на Дидје Дешан и ремито 2-2 против на Сан Паоло.

На 18 јули 2007, започнал многу кратко искуство со : тој поднел оставка на 23 август, по поразот од Асколи со 0-2 во Купот на Италија, уште пред да започне првенството во Серија Б, верувајќи дека не може да работи во она што го опишува како "ситуација без планирање и организација".

Верона и Перуџа После тренирањето на три клуба од Серија Б, Сари се вратил во Серија Ц1 на 31 декември 2007 каде ја преземал екипата на заменувајќи го на клупата Давиде Пелегрини. На 28 февруари 2008 година, тој бил отпуштен откако освоил само еден единствен бод во 6 кола забележувајќи 5 последователни порази, а Верона се нашла на последното место во моменталниот поредок.

На 23 септември, тој ја преземал функцијата во Перуџа во истата лига (сега преименувана во Лега Про Прима Дивизионе) заменувајќи го Џовани Паљари на клупата, но бил отпуштен на 15 февруари 2009, после поразот од Галиполе.

Гросето На 24 март 2010 година, тој го заменил отпуштениот Елио Густинети на клупата на Гросето, за последните 11 лигашки натпревари. Сепак, откако неуспеал да обезбеди место во плејофот за Серија А, забележувајќи само 2 победи, 7 нерешени и 2 порази, договорот не му бил продолжен и Сари повторно станал слободен.

Алесандрија Во летото 2010 година, Сари, кој претходно изразил намера дека не сака повеќе да тренира во третата лига по искуството во Перуџа, бил убеден од новиот претседател и спортски директор на Алесандрија (Џорџо Велтрони и Нарио Кардини, со кој позитивно работел во Сансовино) да потпише за екипата од Пиемонт, која тогаш се натпреварувала во Лега Про Прима Дивизионе.Mimma Caligaris, Sarri, una rivoluzione per consolidare, «Il Piccolo» di Alessandria, 9 јули 2010, p. 39; договорот бил потпишан на 6 јули. Алесандрија под водството на Сари брзо избила на врвот на табелата уште по првите кола во првенството 2010-2011; Сари ја консолидирал употребата на формацијата 4-2-3-1 (откако тој претходно пробувал со 4-3-3), истовремено тој промовирал добар број на играчи кој ја прераснале оваа лига и биле спремни за чекор нагоре во нивните кариери (Пучино, Чанчо, Кроче, Скапини) и демонстрирал одлични вештини за раководење со групата, особено за време на вториот дел од сезоната, кога клубот се нашол во борба со сериозни економски тешкотии, по ненадејното напуштање на претседателот и со вклучување во скандалот со наместени натпревари Скомесополи.

Алесандија го завршила првенството на третото место, постигнувајќи го најдобриот спортски резултат за повеќе од 35 години и избориле место во плејофот за промоција во Серија Б; во плејофот тие биле елиминирани од страна на Салернитана во полуфиналето, искуство на кое Алесандрија се сеќава со жалење тврдејќи дека многуте судиски грешки го одлучиле победникот.

По завршувањето на сезоната, Алесандрија западнала во уште поголема криза и била административно исфрлена во Секонда Дивизионе (4. лига) поради горенаведената истрага за наместени натпревари; Сари бил ослободен.SCOMMESSE: IL PESCARA PARTE DA -2 sportmediaset.mediaset.it

Соренто На 7 јули 2011, тој потпишал договор со Соренто, уште еден член на Лега Про Прима Дивизија. На 14 декември тој бил отпуштен, во моментот кога екипата се наоѓала на шестото место на табелата, и бил заменет од Џенаро Руотоло.

Емполи На 25 јуни 2012 година, потпишал договор со Емполи. На почетокот на сезоната клубот бил во резултатска криза и по 9 кола се нашол на последната позиција на табелата со вкупно 4 бода, но по неколку недели екипата започнала да се враќа на победничките патеки и го завршила првенството на четвртото место: откако се квалификувале за плејофот, тие го загубиле финалето од а со тоа и шансата да изборат промоција во Серија А, откако претходно ја елиминирале Новара со вкупен резултат 5-2 во полуфиналето.

Следната сезона 2013-2014, Емполи завршил на второ место во лигата, и изборил директна промоција во Серија А, после шестгодишно отсуство. Екипата на Сари освоила 72 бода со учинок од 20 победи, 12 нерешени и 10 порази.

Во сезоната 2014-2015 дебитирал со аѕурите во највисоката италијанска фудбалска лига, обезбедувајќи опстанок на 4 кола до крајот на првенството: Емполи завршил на 15-тото место на табелата со 42 бода (8 победи, 18 нерешени, 12 порази) и се смета за откровение на првенството. Веднаш по завршувањето на сезоната, на 4 јуни 2015 тој поднел оставка, и покрај тоа што имал уште две години договор со тосканскиот клуб.

Наполи На 11 јуни 2015 година, Сари потпишал договор со клубот од неговиот роден град, , заменувајќи го на клупата Рафаел Бенитес, кој заминал откако неуспеал да обезбеди пласман на некое од местата кои воделе во Лига на шампионите. Тој потпишал едногодишен договор - со опција до 31 мај 2016 да се продолжи соработката за уште 4 години - според кој би требало да заработи 900.000 евра годишно плус бонуси.

Во неговата првата сезона, Сари ги донел Елсеид Хисај, Пепе Реина и Алан. Своето деби во Серија А го имал на 23 август 2015 година, во натпреварот против Сасуоло на Стадионот Мапеи во Реџо Емилија во кој е поразен од екипата на Еузебио Ди Франческо со 2-1. На 17 септември го имал дебито во својата кариера како тренер во европските натпреварувања, предводејќи го Наполи до победа над Клуб Бриж со 5-0 во Лигата на Европа, што била и првата победа на Сари на клупата на наполитанците. Три дена подоцна, на 20 септември, ја забележал својата прва победа во првенството, победувајќи го на Сан Паоло со 5-0. На 30 ноември, благодарение на победата од 2-1 над , Наполи избил на првото место во најсилната италијанска фудбалска лига, за првпат по повеќе од 25 години (сезоната 1989-1990, кога Наполи го освоил своето второ скудето). На 10 декември 2015 година, Сари со Наполи ја забележал својата шеста победа во шест натпревари од Лигата на Европа, освојувајќи максимален број на бодови (18 од 18) во групната фаза, со постигнати 22 гола во 6 натпревари и примени голови 3 исто така во 6 натпревари. На 10 јануари 2016 година, победувајќи го со 1-5 на гости, станал зимски шампион (Campione d'Inverno) во Серија А, со 41 освоен бод во 19 натпревари, нешто што клубот претходно за последен пат го имал сторено во сезоната 1989-1990, годината во која го освоиле своето второто скудето. На 7 февруари, со победата од 1-0 на домашен терен против Карпи, Наполи ја забележал својата осма последователна победа во лигата, што претставува рекорд во клупската историја на екипата од Неапол во Серија А.

thumb|upright|Сари како тренер на во сезоната 2016-2017. Наполи ја завршил сезоната на второто место со 82 бода (25 победи, 7 нерешени и 6 изгубени), 9 помалку од шампионот Јувентус, и избориле директна квалификација во групите на Лигата на шампионите. Од напаѓачкиот фудбал на Сари најмногу профитирал аргентинскиот напаѓач Гонсало Игуаин, кој постигнал 36 гола на 35 натпревари во Серија А, со што го израмнил рекордот на Џино Росети од сезоната 1928-1929 за најмногу постигнати голови од еден играч во некоја сезона на првата италијанска лига.