мини|Сара Кирш во 1976 мини|Сара Кирш Сара Кирш (16 април 1935 - 5 мај 2013) била германска поетеса.
Таа е родена како Ингрид Бернштајн во Лимлингероде, Пруска Саксонија. Таа го променила нејзиното име во Сара, за да протестира против антисемитизмот на нејзиниот татко. Студирала биологија во Хале и книжевност на Институтот за литература Јоханес Р. Бехер во Лајпциг. Во 1965 година, заедно со писателот Рајнер Кирш напишала книга со песни, а со него била во брак десет години. Протестирала против исклучувањето на Источна Германија на Волф Бирман во 1976 година, што довело до нејзино исклучување од Партијата на социјалистичкото единство на Германија (СЕД). Една година подоцна самата ја напуштила државата, сепак останувајќи критична и кон западот. Таа е главно позната по нејзината поезија, но исто така пишувала и проза и преведувала книги за деца на германски.
Според Целосен преглед, „големите пост-воени поети на германскиот јазик биле главно Источногермански (или австриски) родени кон средината до крајот на 1930-тите, вклучувајќи истакнати личности како Фолкер Браун, Хајнц Чеховски“ и Сара Кирш, која била „најмногу истакната женска претставничка на таа генерација.“
Кирш освоила многу награди и признанија, меѓу кои и Германската интернационална литературна награда Петрарка во 1976 година, наградата Питер-Хухел во 1993 година и наградата Георг Бихнер во 1996 година. Од 1960-та до 1968-ма година била во брак со лиричарот Рајнер Кирш. Сара Кирш починала во мај 2013 година по кратка болест.
Ресурси
Сара Кирш од Мерерид Хопвуд (1997)
Наводи
Надворешни врски
Медиумски наводи поврзани со
Категорија:Апсолвенти на Лајпцишкиот универзитет Категорија:Починати во 2013 година Категорија:Родени во 1935 година Категорија:Добитници на Бихнеровата награда Категорија:Алумни на Универзитетот Мартин Лутер од Хале-Витенберг Категорија:Поети од германско говорно подрачје Категорија:Германски женски писатели од 20 век Категорија:Германски поети од 20 век Категорија:Комунистички женски писатели Категорија:Писатели од Турингиа Категорија:Германски женски поети Категорија:Писатели од Источна Германија Категорија:Членови на Партијата за социјалистичко единство Категорија:Луѓе од Провинцијата Саксонија Категорија:Луѓе од Нордхаузен (област)