Стерјо Гулев (р. 1902 во ) — најмладиот син на војводата Питу Гули.

Животопис

Стерјо Гулев е роден во 1902 година во градот Крушево, тогаш во Отоманското Царство, во семејството на познатиот Питу Гули - Влав по потекло, војвода на ВМОРО и херој од Крушовската република за време на Илинденското востание. Негови браќа се Ташко Гулев и Никола Гулев.

Во периодот на Втората светска војна (1941-1944), соработува со бугарската полиција и e избран за кмет (градоначелник) во крушевското село Алданци. Бугарските власти, како и во повеќе други слични случаи, го искористиле името и презимето на Стерју Гули и неговиот углед кај Македонците, па дозволиле тој да биде поставен за кмет.Интервју со Елена Наумоска-Гули за „Фокус“: „Се лажат Македонците ако мислат дека власта се менува со ливче и со гласање“, 5 септември 2003 г.Ѓорѓи Малковски, „Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941– 1944“, Скопје, 1995 г., стр. 75, 167.

Постојат одредени контроверзи дека тој бил убиен на 6 октомври 1944 година, откако Крушево било заземено од комунистите. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство.

Стерјо имал две ќерки - Евгенија и Елена, и син Кочо кој живее во Крушево.

Наводи

Категорија:Македонски Власи Категорија:Починати во Крушево Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Родени во 1902 година Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Влашки револуционери Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Бугаромани