Трајко Чоревски ( во Велес – во ) – македонски филмски и театарски глумец, член на битолскиот Народен театар од 1952 година до неговата прерана смрт.Значајни личности за Битола, 2007Трајко Чоревски на мрежното место на ИМДб
Глумец со огромен фонд на изразни можности, кој во играта внесувал многу љубов и поетска возвишеност.
Животопис
Трајко Чоревски бил роден во Велес во 1921 година. Пред Втората светска војна членувал во театарските дружини на Петре Прличко и Димче Трајковски. Чоревски бил еден од основоположниците на Македонскиот народен театар во 1945 година каде само за шест сезони одиграл 26 драмски ликови. По 1951 година кариерата ја продолжил во народните театри во Велес и Штип, а од 1952 година, до неговата прерана смрт во 1955 година, тој бил член на Народниот театар од Битола.
Творештво
Во својот краток глумечки живот остварил повеќе забележителни театарски и една филмска улога.
Поважни театарски улоги
Година Улога Претстава Автор 1948Алтернација Бегалка Васил Иљоски 1950Алтернација Волци и овци Николај Островски 1951Нил Малограѓани Максим Горки 1952Крис Сите мои синовиАртур Милер 1953 МаркоБез третпатМилан Беговиќ 1953 ЈеркоЛуѓе без видЈосип Кулунџиќ 1954 МиткеКоштанаБорисав Станковиќ
Филмографија
Година Филм Улога 1952 Фросина ТВ-филм 1955 Волчја ноќ ТВ-филм Стане
Награди и признанија
Награда на Владата на НРМ (1951) Неговото име го носи Наградата за најдобар млад глумец на МТФ „Војдан Чернодрински“
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Глумци од Велес Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци