мини|десно|300п|Карта на Кипар со Акротири и Декелија и ограниченото подрачје на ООН. Суверени базни подрачја на Акротири и Декелија (, ) — британски прекуморски територии на островот Кипар. Територијата на Акротири на северозапад, север и североисток се граничи со Република Кипар, а на исток и југ со Средоземно Море. Декелија на север се граничи со Република Кипар (односно Северен Кипар), на североисток со ограничената зона на ОН, на исток со Република Кипар, на југ со Средоземно Море, на југозапад со Република Кипар и на запад со ограничената зона на ОН. Територијата е поделена на две базни зони, односно Акротири или западна суверена зона со центар во Епископи, и Декелија или источна суверена зона со центар во Св. Никола.
Категорија:Кипар Категорија:Британски прекуморски територии Категорија:Зависни територии во Европа Категорија:Војска на Обединетото Кралство Категорија:Европска Унија Категорија:Земји од англиското говорно подрачје Категорија:Држави и територии настанати во 1960 година