„Хемиски Кореспонденции“ (англиски: Chemistry Communications) е научно списание кое го издава Кралското друштво за хемија. Списанието претходно излегувало под различни имиња: „Списание на Хемиското друштво D: Хемиски Кореспонденции“ (1969-1971) и „Списание на Хемиското друштво, Хемиски Кореспонденции“ (1971-1995). Списанието објавува трудови во сите области на хемијата. За каталогизација на ова списание се користи скратеницата Chem. Comm.
Почнувајќи од 2012 година, списанието издава сто броеви секоја година. Во 2019 година, факторот на влијание на ова списание бил 6,164.
Од јуни 2015 година, извршен уредник на списанието е Филипа Рос, a од февруари 2016 година, Д-р Вероник Гуверно постанува претседавач на редакцискиот одбор на списанието.
Библиографија
Категорија:Научни списанија