мини|300п|десно|Панорама на селото Станци и долината на Станечка Река

Дурачка Река — историско-географска област во североисточниот дел на Македонија. Областа ги опфаќа селата јужно од градот Крива Паланка, долж сливот на истоимената река.

Опис

Овој мал планински предел географски и административно припаѓа кон Кривопаланечкиот регион. Сместен е лево и десно по течението на Дурачка Река – на средишниот дел од северните падини од Осоговските Планини. Го сочинува група од најмалку пет села, од кои најголемото – централно село (Дурачка Река) го носи името на истоимената „Дурачка Река“. Составот на населението во овој предел е чисто македонски. Главно занимање е сточарството.

Населени места

Селата долж течението на Дурачка, Станечка и Козја Река, влегуваат во рамки на областа.

Тоа се следниве села:

Дурачка река Мартиница Дренак Станци Б'с Кошари

Поврзано Носии од Дурачка Река

Наводи

Категорија:Историско-географски области во Македонија