Милвоки Бакс (анг. Milwaukee Bucks) е американски кошаркарски клуб од Милвоки, Висконсин. Моментално се натпреварува во НБА лигата како член на Источната конференција.
Клубот е основан во 1968 година и од своето основање го носи ова име. Поранешниот сенатор и стопанственик Херб Кол бил долгогодишен сопственик на тимот, но на 16 април 2014 година, група предводена од милијардерите и хеџ фонд менаџери Вес Иденс и Марк Ласри се согласила да го купи мнозинскиот сопственички процент на клубот од Кол, продажба која била одобрена од сопствениците на НБА и нејзиниот Управен одбор еден месец подоцна на 16 мај. Досега во својата историја Бакс имаат освоено две титули во НБА во сезоните 1970-1971 и 2020-2021, три конференциски титули (1971, 1974, 2021) и 16 дивизиски титули (1971–1974, 1976, 1980–1986, 2001, 2019-2021). Карим Абдул Џабар и Јанис Адетокунбо се единствените двајца играчи на Бакс кој ја добиле наградата Најкорисен играч во НБА (3 пати Абдул-Џабар и двапати Адетокунбо).
Милвоки Бакс најчесто играат во зелени дресови и зелени шорцеви. Својте домашни натпревари клубот ги игра во арената Фајсерв Форум која е отворена во август 2018.
Играчи
Моментален Состав ИмеГодиниДржаваВисочинаПозицијаГрејсон Ален261.93мбекЈанис Антетокумпо272.11мКрилен ЦентарТанасис Антетокумпо291.98мкрило/Крилен центарДеАндре Бембри271.96мбек/крилоПет Конагтон291.96мбекЏорџ Хил351.93мплејмејкерЏру Холидеј311.91мбек/крилоСерж Ибака322.08мКрилен центар/ЦентарБрук Лопес332.13мЦентарСандро Мамукелашвили222.06мЦентар/Крилен центарВесли Метјувс351.96мбекКрис Мидлтон302.01мкрилоЏордан Нвора232.03мкрилоБоби Портис272.08мКрилен центарЛиндел Вигинтон231.85мбек
Повлечени броеви thumb|right|200px|Карим Абдул-Џабар. 1 Оскар Робертсон, Б, 1970-74 2 Џуниор Бриџман, К, 1975-84 i 1986-87 4 Сидни Монкриф, Б, 1979-89 14 Џон МекГлоклин, Б, 1968-76 16 Боб Лениер, Ц, 1980-84 32 Брајан Винтерс, Б, 1975-83 33 Карим Абдул-Џабар, Ц, 1968-75
Први пикови Први пикови на Милвоки БаксГодинаБр.ИграчПозицијаПериод 1969 33 Луи Алсиндор Ц 1969–1975 1977 54 Кент Бенсон Ц 1977–1980 1994 13 Глен Робинсон К 1994–2002 2005 6 Ендрју Богут Ц 2005–2012
Титули ТитулиГодиниНБА титули21971, 2021Конференциски титули31971, 1974, 2021Титули во Дивизијата161971, 1972, 1973, 1974, 1976, 1980, 1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 2001, 2019, 2020, 2021
Наводи
Надворешни врски
Милвоки Бакс *