Марлон Брандо Помладиот (3 април 1924 — 1 јули 2004) — американски глумец на филмското платно и во театрите. Сметан за еден од најдобрите и најважните американски глумци, Брандо беше еден од само трите професионални глумци заедно со Чарли Чаплин и Мерлин Монро именуван во магазинот “Тајм (Time)” како еден од стотте најличности на XX век. Брандо има значаен удел во филмското глумење. Беше злогласен за неговото лоша “мрморлива” дикција и суровиот животински магнетизам сепак неговите темпераментни и живи настапни беа високо ценети и широко се смета за еден од најдобрите и највлијателните глумци на XX век. Режисерот Мартин Скорсезе за него изјави “тој е печатот: филмот се мери како “пред Брандо” и “по Брандо”. Брандо беше рангиран како четврти најдобар глумец од страна на Американскиот филмски институт за машки глумци кои своето деби на малите екрани го имале до или во 1950 г. Како долготрајна културна икона, Брандо стана бокс-офис ѕвезда за време на 1950те, време за кое пет пати беше номиниран за Оскар за најдобар машки глумец и трипати по ред ја освои “BAFTA” наградата за најдобар глумец како главна улога. На почетокот здоби популарност со улогата на “Стенли Коваслки” во филмот ”A Streetcar Named Desire” (1951), настапот во претставата “Тенеси Вилијамс” го направи голема ѕвезда на Бродвеј од 1947 до 1949, улогата како ”Terry Malloy” во “On the Waterfront” (1953) со која доби Оскар како и неговото иконско претставување на бунтовничкиот водач на моторџиите “Johnny Stabler” во “The Wild One” (1953) што се сметаше за совршена слика за поп културата. Брандо беше номиниран за Оскар и за улогите како “Emilliano Zapata” во “Viva Zapata!” (1952), “Mark Antony” во филмот режиран од страна на Жосеф Л.Манкиевич според книгата “Julius Caesar” на Шекспир, “Lloyd Gruver” во “Sayonara” (1957). Во оваа декада, Брандо се појави трипати во списокот на десет ѕвезди кои најмногу заработуваат, во 1954 г. како десетти, 1955 г. како шести, и како четврти во 1958 г.

Брандо го режираше и глумеше во култниот вестерн филм “One-Eyed Jacks” чија премиера беше во 1961 год, по што глумеше во неколку неуспешни проекти почнувајќи со филмот “Mutiny on the Bounty” (1962) направен според истоимената новела. ’60-те беа неуспешна декада за Брандо, и после 10 години во кои не настапи во ниеден комерцијално успешен филм, го освои својот втор Оскар за улогата на “Vito Corleone” во филмот “The Godfather” режиран од Френк Копола во 1972 г. која критичарите ја оценуваат како една од неговите најдобри. Овој филм кој стана комерцијално најуспешен во времето кога беше издаден заедно со улогата како “Paul” во “Last Tango in Paris” (1972), која беше номинирана за Оскар и дадоа нова димензија на кариерата на Брандо и го сместија во врвот на бокс-офис ѕвездите како и на шестото место меѓу десетте ѕвезди кои најмногу заработуваат во 1972 г. и на десеттото во 1973.

Брандо не успеа да го зграпчи моментот од издигањето на неговата кариера, земајќи голема пауза додека да се појави во “The Missouri Breaks” во 1976 исто така огромен хит на филмскиот бокс-офис. После овој период доби неколку високо платени улоги за краткото појавување во филмовите “Superman” во 1978и “The Formula” во 1980 по што паузираше девет години од филмското платно. Според Гинисовата книга на рекорди, Брандо бил платен рекордени 3.7 милиони долари (денешни 14 милиони) плус 11.75% од бруто заработката за 13 дена работа во улогата како Џор Ел во Супермен зголемувајќи ја својата мистичност. Ги заврши ’70-те со контроверзната улога како поручникот “Walter Kurtz” во уште еден филм на Френк Копола, “Apocalypse Now” (1979) огромен хит на бокс-офисот од кој Брандо имаше огромна заработка која му помогна за финансирање паузата во неговата кариера за време на ’80-те. Брандо беше и активист, поддржувајќи многу проблеми посебно оние за граѓанските правата на Афроамериканците и протестите на Индијанците.

Ран живот

Марлон Брандо Џуниор е роден во Омаха, Небраска како син на Марлон Брандо, производител на пестициди и сточна храна и неговата сопруга Јулија Дороти. Неговите родители се преселисе во Еванстоун, Илиноис но се развеле кога тој имал 11 години. Неговата мајка си ги зела своите три деца Џослин (1919–2005), Френсис (1922–1994) и Марлон и заминала да живее во Санта Ана, Калифорнија. Подоцна неговите родители се помириле и повторно живееле заедно сега во Литертивил предградие на Чикаго, Илиносис.

Брандо има германски, холандски, англиски и ирски корени. Неговиот прапра дедо Јохан Билхелм Брандау бил германски емигрант во Њујорк во почетокот на 1700 г. Брандо беше воспитуван како христијан саетнист. Неговата прабаба го напуштила семејството кога Марлон Брандо Постариот имал само 5 години. Ги искористила парите што нејзиниот сопруг ги пратил за коцкање и алхохол.

Марлон Брандо Постариот бил талентиран аматерски фотограф. Неговата сопруга, попозната како Доди, била млада и талентирана глумица. Таа пушела, носела панталони и возела коли кои не биле вообичаени за жените во тоа време. Како и да е, таа била алхохоличарка и често се случувало да биде донесена дома пијана од ноќните барови во Чикаго. Доди Брандо глумела и била администратор во театар. Таа му помогнала на Хенри Фонда да ја започне својата глумечка кариера и го заинтересерала својот син Марлон за глумењето. Како и да е, Марлон бил поблизок со својата баба Беси Пенбакер отколку со неговата мајка. Вдовица, кога била млада пенбакер работела како секретарка, а подоцна и како активист во христијананската саентистичка верата. Нејзини татко бил доктор од Ирска, а нејзината мајка Јулија Ватс од Англија.

Брандо бил имитатор уште од мал и ја развил способноста да ги апсорбира одликите на луѓето кои ги играл и ги претставувал драматични и со голема страст. Неговата сестра Џослин била прва која покажала интерест кон глумецството, се запишала на Американската Академија за Драмски Уметности. Таа се појавила на Бродвеј потоа во филм и на телевизија. Другата сестра на Брандо, Френсис го напуштила колеџот во Калифорина и се запишала на уметност во Њујорк. Наскоро Марлон појде по нејзините стапки.

Брандо бил вратен една година назад, а подоцна и исфрлен од средното школо во Либертивил поради проблеми кои ги направил со својот мотор. Бил префлен во Воената Академија во Шатук каде што учел неговиот татко. Тој бил одличен во театарот и добро во училиштето. Во неговата последна година (1943) Марлон бил казнет заради непослушност на армиски офицер во една вежба. Бил пратен во својата соба но се прикрадил и избегал во градот каде подоцна бил фатен. Факултетот изгласал тој да биде избркан иако студентите го поддржувале и се држеле на ставот дека изклучувањето било престрого. Тој бил повикан назад наредната година, но решил да се откаже од училиштето.

Брандо работел како ископувач на злато, работа преку летото овозможена од татко му. Потоа пробал да влезе во армијата, но на физичкиот тест била откриена повреда на неговото колено со која се здобил играјќи фудбал во Шатук. Заради тоа бил класифициран како 4-F и не бил вклучен во армијата. После ова решил да ја следи својата сестра и да замине во Њујорк. Татко му го издржувал 6 месеци и се понудил да му најде работа како продавач. Како и да е, Брандо заминал да студира на Професионалната Американска школа за театар дел од т.н “The New School” и во Глумечкото студио.

Иако често претставуван како методичен глумец, Брандо се сметаше сам себе за се само не за методичен глумец. Тврдеше дека ги презира предавањата на Ли Стразберг: “кога и да имав некој успех Ли Стразберг сакаше да профитира од тоа. Тој никогаш не ме научи ништо. Да можеше тој ќе правеше профит и од сонцето и од месечината. Тој беше амбициозен и себичен човек кој ги експлотираше луѓето кои присуствуваа на неговите часови и сакаше од себе да направи глумечки гуру. Некој луѓе го почитуваа но никогаш не разбрав зошто... Стразберг никогаш не ме научи да глумам”. Брандо беше страстен студент и следител на Стела Адлер, од која ги научи техниките на Станиславскиот систем. Постои приказна во која Адлер кажува како го учела Брандо во која Адлер им кажала на студентите да глумат кокошки, а потоа додала дека јадрена бомба ќе падне врз нив. Сите почнале да трчаат по училницата само Брандо се преправал дека седи врз јајце. На прашање од Адлер зошто одлучил да реагира вака, Брандо одговорил :“Јас сум кокошка, што знам јас за јадрена бомба?”.

Кариера

Почетоци

Брандо ги користеше вештините од "Stanislavski System" за првите улоги кои ги доби во Сајвил, Њујорк на Лонг Ајленд. Неговото однесување придонесе тој да биде исфрлен од кастингот во Сајвилд но подоцна доби улога во една локална претстава преку која успеа да стигне до Бродвеј во мелахоничната драма “I Remember Mama” во 1944 г. Критичарите го опишаа за најперспективен глумец на Бродвеј по улогата како очаен воен ветеран во ‘Truckline Café” иако оваа претстава била прилично комерцијално неуспешна. Во 1946 се појави на Бродвеј како млад херој во политичката драма “A Flag is Born” одбивајќи да прифати плата помала од просечната глумечка плата поради неговата поврзаност со проблемот за Израелската независност. Во истата година Брандо глумеше заедно со Катерина Колонел во неколку нејзини претстави од која најпозната е Антигона. Но вистинската слава Брандо ја стекна со улогата на Стенли Ковалски во претставата од 1947 г. на Тенеси Вилијамс “A Streetcar Named Desire” режирана од Елија Казан. Брандо ја доби улогата возејќи до Провинстаун, Масачусетс каде Вилијамс го поминувал летото и правел аудиции за улогата на Стенли Ковалски. Вилијамс изјавил дека го здогледал Брандо веднаш знаел дека го има Ковалски. Брандо својата инспирација за толкување на Стенли Ковалски ја базирал врз основа на боксерот Роки Грацијано кој го проучувал во локалната сала. Грацијано не знаел кој е Брандо сè додека Брандо не му подарил карта за претставата. Грацијано изјавил: “платното се крена и веднаш си помислив дали ова е неранимајкото од вежбалницата? и тој ме глуми мене !!!”

Во 1947 год, Брандо направил тест за браќата Варнер за тоа како би глумел на филм. За тестот одглумил дел од сценарио за филмот “Rebel Without A Cause” кое не е поврзано со истоимениот филм издаден во 1955 г. Овој тест е прикачен како бонус во ДВД изданието на “A Streetcar Named Desire”.

Првата филмска улога на Брандо дојде во 1950 г. глумеше како гневен воен ветеран во “The Man”. Поминал цел месец во кревет во воена болница во Ван Нис за да се спреам за улогата. Оваа улога за самиот Брандо значеше дека неговиот статус во армијата ќе биде сменет од 4-F во 1-А. Имал операција на коленото кое го повредил во Шатук и бил прегледуван од армиските доктори бил испратен и на прегледи кај армискиот психијатар но за среќа психијатарот бил пријател на друг доктор кој пак бил познаник на Брандо и му помогнале да ја избегне воената служба во Војната во Кореја.

Издигнување кон голема слава

Брандо ја пресели претстава “A Streetcar Named Desire’ и неговата улога како Стенли Ковалски на теливизиските екрани и беше номиниран за Оскар за најдобра машка улога исто како и во наредните три години за улогите во Вива Запата во 1952 год, Јули Цезар во 1953 и Марк Ентони во 1954. Неговите први пет филмови го издигнаа и му помогнаа да ја освои „BAFTA“ наградата трипати по ред од 1951 до 1953 за најдобра главна машка улога.

Во 1953 година глумеше и во “The Wild One” возејќи го својот мотор Труимф Тандербрд 6Т, што доведе до противење на производителите на Триумф моторите поради тоа што Брандо го претставил како силеџиски мотор со кој одредена банда освојува мал град. Но сликите на Брандо со неговиот Триумф Тандербрд станаа иконски и го зголемија пуублицитетот на производителот.

Подоцна во оваа година Брандо играше во претставата на Ли Фолк, “Arms and the Man” во Бостон. Фолк бил горд да им пренесе на луѓето дека Брандо одбил понуда од 10.000 долари неделно на Бродвеј за да настапува во неговата претстава во Бостон за само 500 долари неделно. Ова беше последен пат на Брандо да глуми во претстава.