десно|мини|271x271пкс| Стара фотографија на Хусеин Хилми-паша Хусеин Хилми-паша ( ) (1 април 1855 – 1922) — османлиски државник и императорски службеник. Тој двапати бил Голем везир на Османлиското Царство околу периодот на Втората уставна ера. Тој исто така еднаш бил претседател на Турската Полумесечина.

Хусеин Хилми бил еден од најуспешните отомански администратори во експлозивниот Балкан од почетокот на 20 век, станувајќи отоманскиот генерален инспектор на Македонија од 1902 до 1908 година, министер за внатрешни работи од 1908 до 1909 година и амбасадор во Австроунгарија од 1912 до 1918 година. Тој често се смета, заедно со Ахмет Риза-бег и Хасан Фехми-паша, како еден од водечките државници кои го охрабрувале и пропагирале понатамошниот напредок.

Животопис Хусеин Хилми е роден во 1855 година во Лезбос. Тој бил од грчко потекло, кога негов предок се сменил во ислам. Тој ги завршил основните студии во Лезбос и научил течно француски јазик во рана возраст. Тој започнал како службеник во отоманската државна структура и постепено се искачувал по скалилата на хиерархијата, станувајќи гувернер на Адана во 1897 година и на Јемен во 1902 година. Истата година во 1902 година, тој бил назначен за Генерален инспектор со одговорност на во суштина сите балкански територии на Отоманската Империја во тоа време, имено вилаетите на Солун, на Косово и на Битола.

По обновата на османлискиот устав во 1908 година, тој бил назначен за министер за внатрешни работи, а потоа работел како Голем Везир, најпрво помеѓу 14 февруари 1909 и 13 април 1909 година под Абдул Хамид II и потоа, прoдолжувајќи ја функцијата од Ахмет Тевфик-паша еден месец подоцна, помеѓу 5 мај 1909 година и 28 декември 1909 година. Како таков, во неговото прво везирство, тој бил последниот голем везир на Абдул Хамид II. Неговиот прв мандат ненадејно бил прекинат заради Инцидентот на 31 март (кој всушност се случил на 13 април), кога за неколку дена, реакционерните апсолутисти и исламистички фундаменталисти ја презеле контролата врз османлиската влада во Цариград до доаѓањето на војската од Солун, која го потиснала обидот за против-удар.

По неговиот втор мандат како голем везир под Мехмед V, Хусеин Хилми-паша работел како министер за правда наследувајќи го кабинетот на Ахмед Мухтар-паша. Во октомври 1912 година, тој бил испратен во Виена како османлиски амбасадор во Австроунгарија, позиција што ја имал до крајот на Првата светска војна. Поради здравствени проблеми, тој останал во Виена до неговата смрт во 1922 година. Погребан бил во Бешикташ, Цариград.

Поврзано

Список на отомански големи везири

Наводи

Емине Орхан Еверед, „An educational prescription for the Sultan: Huseyin hilmi pasa's advice for the maladies of empire“, Студии за Блискиот Исток, 43,3 (2007), 439-459.

Категорија:Отомански управители на Јемен Категорија:Луѓе од Лезбос Категорија:Отомански чиновници Категорија:Отомански министри Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 20 век Категорија:Починати во 1922 година Категорија:Родени во 1855 година