Основно училиште „Јосип Броз Тито“ (официјално: Основно општинско училиште „Јосип Броз Тито“ - Валандово; скратено: ООУ „Јосип Броз Тито“) — централно основно училиште во градот Валандово, Општина Валандово.
Училиштето е именувано по југословенскиот државник и претседател Јосип Броз Тито.
Историја
Училиштето започнало со работа во 1945 година, а денешниот објект во градот Валандово е изграден во 1980 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на турски и македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Гоце Делчев“ - Пирава, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Даме Груев“ - Брајковци, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; ПУ „Нам’к Кемал“ - Чалакли, подрачно деветгодишно училиште на турски наставен јазик; ПУ „Јени Ѓун“ - Башибос, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик; ПУ „Моша Пијаде“ - Дедели, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик; и ПУ „Цветан Димов“ - Казандол, подрачно петгодишно училиште на турски наставен јазик.
Познати личности кои учеле во ова училиште
Ѓорге Иванов - претседател на Македонија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Основни училишта во Општина Валандово Валандово Категорија:Основни училишта во Валандово Категорија:Основни училишта во Македонија