Серија А 2019-2020 била 118-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 88-ма сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 24 август 2019, а завршила на 3 август 2020.

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од сезоната 2018-2019. , и биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б претходната сезона.

Сезоната првично била закажана да трае од 24 август 2019 до 24 мај 2020 година.Serie A 2019/2020: torna pausa invernale. Al via il 24 agosto, ultimo turno il 24 maggio. Sky Sport (на италијански). Објавено на 2 април 2019. Потврдено на 4 април 2019. Сепак, на 9 март 2020 година, италијанската влада го прекинала првенството до 3 април 2020 година, поради пандемијата на коронавирус во Италија. Подоцна, лигата била прекината на неодредено време, наведувајќи дека ќе продолжи само ако „здравствените услови тоа го дозволат“. На 18 мај било објавено дека италијанскиот фудбал ќе биде суспендиран до 14 јуни. На 28 мај било објавено дека Серија А ќе продолжи од 20 јуни.

На 26 јули 2020, Јувентус ја одбранил титулата на две кола пред крајот после победата на домашен терен над со 2-0. Со тоа клубот од Торино стигнал до своето 36-то скудето во клупската историја, 9-то едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Второто место со само 1 бод помалку од шампионот го освоила екипата на , која со победа во директниот двобој над во последното коло избила пред клубот од Бергамо, кој паднал на третата позиција. Четвртото место на крајот од првенството го освоила екипата на и со тоа биле комплетирани учесниците во Лигата на шампионите за следната кампања.

Петтопласираната , шестопласираниот , како и седмопласираниот (кој го освоил Купот на Италија) ќе учествуваат во Лигата на Европа 2020-2021.

Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле , и .

Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Чиро Имобиле од со 36 постигнати гола, со кои го изедначил рекордот на Гонсало Игуаин од сезоната 2015-2016.

Општо Трите нови екипи кои избориле промоција во Серија А за оваа сезона биле , и , заменувајќи ги Serie A, i verdetti: Inter e Atalanta in Champions, Empoli in Serie B, и кои испаднале во претходната сезона. Бреша - како шампион на Серија Б - се вратила во Серија А по осум сезони отсуство, Лече пак, се вратил назад во најсилното фудбалско друштво во Италија по седум сезони отсуство, додека Верона се вратила по само една сезона пауза како победник на плејофот.

Првенството започнало во сабота на ден 24 август 2019 година, со натпреварите од првото коло; крајот на првенството, првично бил утврден за 24 мај 2020 година, меѓутоа последователно бил одложен за 2 август 2020, како резултат на пандемијата од COVID-19. Предвидени биле три вонредни кола кој требале да се одиграат во средината на седмицата (25 септември и 30 октомври 2019 година, кои се одиграле во закажаниот термин, и 22 април 2020 година, подоцна откажано) но подоцна биле додадени 6 вонредни кола (24 јуни и 1 јуни, 8, 15, 22 и 29 јули 2020 година) и 5 паузи, од кои 3 се должеле на обврските на италијанската фудбалска репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2020 закажани за 8 септември 13 октомври и 17 ноември 2019 година; додека четвртата ваква пауза, закажана за 29 март 2020 година, била откажана поради споменатата пандемија.

Петтата и последна пауза во првенството била предвидена по повод Божиќните празници пауза па така не се играло фудбал на 29 декември 2019 година. Со ова експериментот од минатата сезона за одигрување на два божиќни круга (познати како Boxing Day, моделиран од англиското првенство) закажани за 26 декември и за последната сабота пред новогодишната ноќ бил затворен. За првпат исто така, била разгледувана опцијата за воведување на асиметричен календар како во некој други првенства (така што во вториот дел од првенството распоред по кола нема да биде истиот како во првиот дел), но тој проект подоцна бил отфрлен.

Во однос на времето на игра, единствената разлика во однос на минатата сезона е враќањето на вечерните натпревари со почеток во 20:45 часот наместо 20:30 часот. Исто така, имало зголемување на 3 натпревари во сабота (во 15:00, 18:00 и 20:45 часот) додека преостанатите натпревари биле закажани за недела (вклучително и натпревар од 12:30 часот). Конечно, можни биле и натпревари во петок и понеделник навечер, во викендите после кои следувале обврски на клубовите во Европските купови. Овој формат бил карактеристичен во првите две кола, по што двете смени се рашириле во текот на наредните три кола; Според тоа, распоредот на одигрување на натпреварите што го обезбедила лигата изгледал вака:

Сабота: 3 натпревари 1 натпревар во 15:00 часот 1 натпревар во 18:00 часот 1 натпревар во 20:45 часот Недела: 6 натпревар 1 натпревар во 12:30 часот 3 натпревар во 15:00 часот 1 натпревар во 18:00 часот 1 натпревар во 20:45 часот Понеделник-Петок: 1 натпревар во 20:45 часот

По продолжувањето на првенството во летните месеци, после присилното запирање заради пандемијата, програмата и времето за играње вклучувале еден натпревар во петок или во понеделник од 21:45 часот, три термини во сабота (во 17:15, 19:30 и 21:45 часот) додека преостанатите натпревари биле закажани во недела со еден натпревар од 17:15 часот, четири или пет натпревари од 19:30 часот и вечерен термин во 21:45 часот. Како што побрзо би се одиграле заостанатите кола и што побрзо би се завршила сезоната, во периодот после пандемијата се играло два натпревари неделно, еден во средината на седмицата и еден за викендите. Во вонредните кола одиграни во средината на седмицата, програмата вклучувала еден или два натпревари во вторник (во случај на еден натпревар тој се играл во 21:45 часот, во случај на два натпревари, еден се играл во 19:30 часот и еден во 21:45 часот), шест или седум натпревари во среда (со почеток од 19:30 и 21:45 часот) и еден или два натпревари во четврток (во случај на еден натпревар, тој започнувал во 21:45 часот, во случај на два натпревари еден се играл од 19:30 и еден во 21:45). Последното коло од првенството, одиграно на 2 август, пак било одиграно според вообичаените термини кои се користеле во текот на сезоната од 18 часот и 20:45 часот. Подетално, бил одигран еден натпревар од 18 часот во сабота и еден во исто време во недела, со четири натпревари во сабота од 20:45 часот и уште четири во недела во истиот термин. Уште една новина во натпреварите после пандемијата, било воведувањето на право на користење на пет замени наместо дотогашните три.

Калчомеркато Летна сесија

Освојувачот на последните осум титули во лигата, екипата на , во потрага по нови успеси, по пет години ја завршиле соработката со тренерот Масимилијано Алегри и му ја довериле клупата на Маурицио Сари, победник на Лигата на Европа во минатата сезона како предводник на . Бјанконерите во текот на летото го засилиле средниот ред со двајца слободни играчи Адријан Рабио и Арон Рамзи, но пред сè тие ја модернизирале и подмладиле одбраната со доаѓањето на младиот централен дефанзивец Матајс де Лихт, купен од за 75 милиони евра - рекордна сума, за одбранбен играч во италијанската лига. - како и ветувачкиот турчин Мерих Демирал од и десниот бек Данило, земен од како дел од размената со Жоао Кансело; по само една година, во клубот се вратила и легендата Џанлујџи Буфон, овојпат како замена за Војќех Шченсни.

Меѓу најакредитираните соперници во пресрет на бјанконерите, биле , втора сила во првенството во оваа деценија и којшто не ги криеле обновените амбиции. Партенопеите го потврдиле останувањето на Карло Анчелоти на клупата и се засилиле со централниот дефанзивец Костас Манолас од , во операција која во Рим го однела играчот од средниот ред Амаду Дијавара, како и со крилниот напаѓач Ирвинг Лосано од ; покрај нив во составот на клубот од Неапол се приклучиле и Џовани Ди Лоренцо од , Елиф Елмас од , и Фернандо Љоренте, кој дошол како слободен играч. Нероаѕурите, од друга страна, тргнале по нов курс доверувајќи му ја клупата на Антонио Конте, кој се вратил во клупскиот фудбал во Италија пет години подоцна по неговите успеси со Јувентус. Откако го засилиле задниот дел од тимот со доаѓањето на слободниот агент Диего Годин, и го модернизирале средниот ред со пристигнувањето на двајца млади домашни играчи како Николо Барела и Стефано Сенси, дошол на ред и нападот каде миланскиот клуб инвестирал во двете ѕвезди на , белгиецот Ромелу Лукаку - најскапиот трансфер во нивната историја - и чилеанецот Алексис Санчес; меѓу заминатите играчи од Милано имало и две референтни точки во изминатите сезони како Иван Перишиќ, кои се преселил во , и пред сè поранешниот капитен Мауро Икарди, кој по замерките со клубот, се преселил во .

Откритието на претходното првенство, на Џанпјеро Гасперини, во пресрет на своето деби во Лигата на шампиони ги привлекла напаѓачот Луис Муриел од и играчот од средниот ред Руслан Малиновски од ; меѓу трансферите на заминатите играчи, треба да се одбележи оној на ветувачкиот дефанзивец Џанлука Манчини кој се преселил во Рома. , кој сè уште се борел со долговите кон финансискиот фер-плеј, се разделил со тренерот Џенаро Гатузо и го назначил Марко Џампаоло за нов шеф на стручниот штаб, по неговите позитивни сезони со ; росонерите се засилиле на трансфер-пазарот со бекот Тео Ернандес од , како и со играчите од средниот ред Исмаел Бенасер и Раде Круниќ двајцата дошле од Емполи, додека во нападот пристигнале Рафаел Леао и Анте Ребиќ соодветно од и . Со клубот се "опростиле" Тимуе Бакајоко, отповикан од Челси, и Патрик Кутроне кој потпишал за .

Рома влегла во сезоната посакувајќи му добредојде на нивниот нов тренер Пауло Фонсека, кои се истакнал со добрите резултати во . Џалоросите исто така добиле нов човек меѓу стативите во шпанецот Пау Лопес, поранешен голман на , а, покрај гореспоменатите Манчини и Дијавара, ги ангажирале и бековите Леонардо Спинацола и Давиде Ѕапакоста како и играчот од средниот ред Жордан Верету. Во предни позиции клубот го засилиле и офанзивниот играч од средниот ред Хенрих Мхитарјан и напаѓачот Никола Калиниќ, а во последните денови од преодниот во клубот дошло уште едно звучно име Крис Смолинг, долгогодишниот стопер на Манчестер Јуанјтед. Меѓу играчите кој ги спакувале торбите и го напуштиле Рим биле Стефан Ел Шарави (), Патрик Шик () и Стивен Н'Зонзи (). Во светлосиниот дел на градот, пак била меѓу екипите со пониска активност на пазарот, завршувајќи го преодниот рок со доведување само на надворешниот играч за врска Мануел Лаѕари како единствен стартер во нивната речиси потврдена почетна формација.

Меѓу останатите екипи, се издвојуваат и . Тосканците, кои ја затвориле ерата на Дела Вале по 17 години добиле нов сопственик во Роко Комисо, се истакнале во овој преоден рок со "набавките" на Кевин-Принс Боатенг и пред сè на Франк Рибери. Сардинијците, од друга страна, се автори на умешен пазар со кој бил зајакнат секој дел од составот, а поготово средниот ред со враќањето на Раџа Наинголан, кој останал вишок во Интер, надополнето со доаѓањата и на Наитан Нандес и Марко Рог; не помалку важни биле трансферите и на Лука Пелегрини дојден на заем од Јувентус, и Џовани Симеоне кој дошол за да се надомести долгорочната повреда на Леонардо Паволети. во својте редови ги довела Матео Дармијан и младиот ветувачки играч од средниот ред, Дејан Кулушевски, кој дошол на позајмица од Аталанта. го "зел" на позајмица Симоне Верди од Наполи и конечно новопромовираната му понудила шанса на нивниот веќе подзаборавен сограѓанин Марио Балотели.

Зимска сесија