„Оловно време“ (германски: Die bleierne Zeit) — германски филм од 1981 година во режија на Маргаретe фон Трота (Margarethe von Trotta), која е авторка и на сценариото. Главните улоги ги играат: Јута Лампе (Jutta Lampe), Барбара Сукова (Barbara Sukowa) и Ридигер Фоглер (Rüdiger Vogler). Филмот освоил бројни награди, меѓу кои и „Златниот лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал, а Лампе и Сукова биле наградени со „Златен феникс“ за своите улоги.HRT, Olovno vrijeme, njemački film (пристапено на 7.11.2020)

Синопсис Две сестри на свој начин се борат за женските права. Јулијане е новинарка, а Маријане е терористка. Кога Маријане ќе заврши в затвор, Јулијане се чувствува должна да ѝ помогне и покрај нивните различни погледи на светот...

Наводи

Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови од 1981 година Категорија:Филмови на Маргаретe фон Трота Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови со Јута Лампе Категорија:Филмови со Барбара Сукова Категорија:Филмови со Ридигер Фоглер Категорија:Филмови наградени со Златен лав