Чешма — археолошко наоѓалиште во охридското село Расино. Претставува населба од средниот век.

На околу 1 км јужно од селото, на десната страна од Расинска Река, во нивата на Мице Стојанов со земјоделските работи биле откриени темели од ѕидови градени од камен, тули и варов малтер. Денес по површината се среќаваат фрагменти од покривни ќерамиди. Во непосредната близина на овој простор, во нивата на Стојан Јакимоски биле откопани питоси.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Охридско

Наводи