Тошина бања е бања која се наоѓа недалеку од Златибор, во селото Рожанство во Србија. Позната е и како бања Вапа. Во оваа бања се наоѓа и минерален извор кој лекува разновидни болести, а особено се користи за дерматолошки цели. Тошина бања

Историја Изградбата на Тошина бања започната е во средината на седумдесеттите години на 20 век. Заочната е изградба на туристичко-бањскиот објект, но изградбата била запрена со смртта на сопственикот Тоша Лазовиќ Тоша Лазовић, така да објектот е запоставен. Сепак дури и таков привлекува внимание со својот изглед и ја комплетира туристичката понуда и сите атракции на Златибор . Старецот Тоша е роден во златиборското село Рожанство во 1914 година. Тој бил визионер. Последната четвртина од својот живот ја посветил на обидот да изгради бањо лекувалиште. Големи бетонски кули кои се издигнуваат од покривот, пансиони за сместување, базените со лековита вода и мостовите - останале недовршени. Со визија за изградба на туристичко лекувалиште, Тоша изградил пат до бањата. Изградил околу еден километар пат што го поврзува со центарот на Златибор. Жителите на селото Рожанство се приклучиле и финансиски помогнаанале во изградбата на патот. Жителите на овие златиборски села успеале да соберат и да инвестираат заедно во бањската вила, неколку стотици илјади евра. Тие изградиле пет ката од златиборскиот дворец, кој е опкружен со лековита минерална вода .

Тошиниот дворец мини|330x330пкс| Натпис пред изградениот замок Пространиот дворец на пет нивоа има широки тераси, како висечки градини . Кулите се издигнуваат кон врвот, а замокот е обложен со црвена фасадна тула. Од левата страна на влезот се темелите на црквата што газда Тоша планирал да ја изгради покрај главниот објект во бањата. Пред дворецот се бањите, некогаш имало многу негуван тревник и базени за бањска вода. Пред еден од базените стои порака до посетителите: „Бањската вода, главен и древен извор, бања Вапа, според приказните на месното население, оваа вода лечи девет болести и тоа кожни болести, егзема, рани, лишаи, првут во косата, потење на стапалата, органи за варење и нерви. Лечи - сè. „

Минерална вода На оваа место не извоира термална вода. Станува збор за температура на водата од околу 17 и не е солена. Водата се пие и е лековита за кожата. Чешмите биле извлечени на три цевки. Две се наоѓаатсместени посебно, а една малку подалеку.

Наводи

Литература Д-р Раде В. Познановиќ „ РОŽАНСТВО - запис за наследје “, etајетина

Надворешни врски

Заборавена бања Тосина бања Туристичка атракција на Златибор Бања Тожина во Рожанство

Категорија:Бањи во Србија Категорија:Општина Чајетина