1469 Изградена џамијата „Кебир Мехмед Челеби“ во Скопје и наречена по нејзиниот ктитор, син на Исхак-бег и внук на завојувачот на градот, Јигит-паша. 1789 Граѓаните на Париз го освоија злогласниот затвор Бастилја и ги ослободија затворениците, со што почна Француската револуција. Овој ден се слави како национален празник на Франција. 1867 Алфред Нобел, шведскиот иноватор, кај англискиот град Редхил за првпат го демонстрира разорното дејство на неговиот најнов изум — динамитот. 1933 Националсоцијалистите во Германија, кои во јануари на чело со Адолф Хитлер доаѓаат на власт, ги забрануваат сите опозициски партии. 1999 17 години по завршувањето на Фолкландската војна меѓу Аргентина и Велика Британија, обновена е воздушната линија меѓу Аргентина и овој архипелаг во Атлантикот. 2006 Љубчо Георгиевски, поранешен премиер на Република Македонија и поранешен водач на ВМРО-ДПМНЕ наводно стана бугарски државјанин. Оваа постапка, која до денес не е потврдена од никого, предизвика бројни полемики во Република Македонија околу неговата вистинска улога во политичкиот живот на земјата во претходните 15 години. 14 јули
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 14 јули (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.