Васов Град (или Власов Град) — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Мрежичко. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.
На оддалеченост од 5,5 км од селото, на падините на Кожуф, на истоимената палеовулканска купа (рид) со зарамнет врв се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од керамички садови, питоси и згура од топена руда. И. Микулчиќ укажува и на најдени монети од III и IV век.
Поврзано Васов Град — ридот на наоѓалиштето Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко
Наводи