Историја (истории) на киното (француски: Historie(s) du cinéma) - француско-американски документарен филм во режија на Жан-Лик Годар. Филмот е снимен во периодот од 1988 до 1998 година и во него е даден хронолошки преглед на историјата на филмот, како и критички осврт врз неговата концепција. Истовремено, филмот претставува и критика на XX век, како и критика на начинот на кој тој е прикажан во филмовите. Со траење од 266 минути, ова е најдолгиот и еден од најкомплексните филмови на Годар и се смета за најзначајното дело од неговиот подоцнежен период.HRT, Historie(s) du cinéma, francuski film, američki film (пристапено на 14.11.2020)
Содржина Филмот се состои од осум епизоди, т.е. од четири есеи од кој секој е поделен на два дела: прв дел (а): Сите истории (TOUTES LES HISTOIRES) (51 минута, 1988) прв дел (б): Само една историја (UNE HISTOIRE SEULE) (42 минути, 1989) втор дел (а): Само кино (SEUL LE CINÉMA) (26 минути, 1997) втор дел (б): Фатална убавина (FATALE BEAUTÉ) (28 минути, 1997) трет дел (а): Текот на апсолутното (LA MONNAIE DE L'ABSOLU) (27 минути, 1998) трет дел (б): Новиот бран (UNE VAGUE NOUVELLE) (27 минути, 1998) четврти дел (а): Контрола на универзумот (LE CONTRÔLE DE L'UNIVERS) (27 минути, 1998) четврти (б): Знаците меѓу нас (LES SIGNES PARMI NOUS) (38 минути, 1998)
Наводи
Категорија:Француски филмови Категорија:Американски филмови Категорија:Документарни филмови Категорија:Филмови на Жан-Лик Годар Категорија:Филмови на француски јазик Категорија:Филмови од 1998 година Категорија:Филмови од 1997 година Категорија:Филмови од 1989 година Категорија:Филмови од 1988 година