Ајнару (португалски: Município Ainaro, тетум: Munisípiu Ainaru) — една од 13-те општини на Источен Тимор, во југозападниот дел на земјата. Има население од 63 136 жители (попис 2015 година) и површина од 804 км². Нејзин главен град е градот Ајнару, мал планински град.
Етимологија Зборот Ainaro е португалска апроксимација на локалниот збор Ainaru на тетумскиот јазик, што значи „високо дрво“.
Историја Ајнару имаше важна улога за време на бруталната индонезиска окупација на Источен Тимор, обезбедувајќи засолниште за герилската армија на отпорот на Источен Тимор. Поранешниот герилски лидер и сегашен претседател, Xанана Гусмао, помина многу години насочувајќи го отпорот од Ајнару.
Географија лево|мини|Ајнару градови и реки Ајнару има големо изобилство на реки и плоден терен за земјоделство. Има крајбрежна област, на Тиморското Море, но исто така и планински зони, вклучително и највисоката точка во Источен Тимор, планината Рамелау (2.960 м), позната и како Татамаилау, која се наоѓа во близина на границата со Ермера.
Границите на општината се идентични со истите во португалскиот Тимор. мини|Црква во Ајнару Општината се граничи со Ајлеу на север, Мануфахи на југ, Кова Лима на југозапад, Бобонару на запад и Ермера на северозапад.
Население
Јазици Покрај официјалните јазици, тетумски и португалски јазик, голем број жители на Ајнаро зборуваат малезиски-полинезиски јазик Мамбаи.
Религија Жителите се најмногу католици, но има и значителен број на протестанти и муслимани кои живеат заедно.
Поврзано
Источен Тимор Општини во Источен Тимор
Наводи
Надворешни врски
водич за патувањe на Ајнару
Категорија:Општини во Источен Тимор