мини|350п|Наречена е како „лисица со девет опашки“ () во „Шанхаиџинг“, во издание од династијата Чинг. Лисицата-дух (Кинески: 狐狸精; пинјин: хулиџиинг) или лисицата со девет опашки (Кинески: 九尾狐; пинјин: џиууеиху) или кјууби но кицуне (јап. 九尾の狐) е митска лисица со потекло од Кинеската митологија и чест мотив во источноазиската митологија.

Во источноазискиот фолклор, лисиците се опишани како семејни духови кои поседуваат магиски сили. Овие лисици се прикажани како палави, и обично измамуваат други луѓе, со можност да се претвораат во убава жена.

Развој Лисици со девет опашки се појавуваат во кинескиот фолклор, книжевност и митологија, во кои, во зависност од приказната, може да биде добар или лош знак. Мотивот на лисиците со девет опашки од кинеската култура на крајот биле пренесени и воведени во јапонската и корејската култура.

За време на династијата Хан, во кинеската култура се одвивал развој на идеи за трансформација помеѓу видовите. Идејата дека нечовечките суштества на постара возраст можат да заземат човечки облик е претставена во дела како што е „Лунхенг“ од Венг Чонг (27–91 г.). Како што се развивале овие традиции, се менувал и потенцијалот на лисицата за нејзината трансформација.

Описи мини|350п|Принцот Ханзоку тероризиран од Кјуби.Принт од Утагауа Кунијоши, XIX век. Лисицата со девет опашки се јавува во „Шанхаиџинг“ (Класик за планините и морињата), составен од Периодот на завојуваните држави до периодот на Западен Хан (од IV до I век п.н.е.). Во делото пишува:

Во 14 поглаве од Шанхаиџинг, Гуо Пу коментирал дека лисиците со девет опашки се поволен знак што се појавува во време на мир. Сепак, во 1 поглавје, опишан е уште еден аспект на овие лисици со девет опашки:

Во приказна од династијата Танг, лисиците можеле да станат луѓе ако носат череп и ја обожуваат костелацијата голема мечка. Тие би пробувале разни черепи сè додека не пронајдат еден што ќе им одговара, а да не им испадне.

Во пресрет на Џурченската инвазијата, една лисица дошла до престолот на Императорот Хуизонг, династија Сонг. Ова резултирало со наредба од Хуизонг за уништување на сите храмови посветени на лисиците во Каифенг. Градот бил нападнат следниот ден, а династијата паднала по пет месеци.

Во еден антички мит, Ју Велики наишол на бела лисица со девет опашки, која ја толкувал како поволен знак дека ќе се ожени со Нуџиао. Во Хан иконографијата, лисиците со девет опашки понекогаш се прикажани на планината Кунлун, заедно со Жи Вангму како божица на бесмртноста. Според „Баихутонг“ („Дебати во салата Белиот тигар“) од I век, деветте опашки на лисицата симболизираат изобилно потомство.

Опишувајќи ја трансформацијата и другите одлики на лисицата, Гуо Пу (276–324 г.) го дал следниот коментар:

Во „Јоујанг Зазу“ се прави врска помеѓу лисиците со девет опашки и божественото:

Традиции Популарното обожување на лисиците за време на династијата Тан се споменува во текстот под наслов „Ху Шен“ (Богови лисици):

Во популарната култура Можеби најпознат пример е ликот Курама, демонската лисица со девет опашки (Кјууби но Јооко), од мангата и анимето Наруто, што е заробена во телото на насловниот лик.

Наводи

Литература

Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Јапонска митологија Категорија:Кинеска митологија