мини|Александaр Востоков Александар Христофорович Востоков (; 27 март 1781 - 20 февруари 1864) бил еден од првите руски филолози.
Роден е во балтичко-германско семејство во Куресаре, Ливонска губернерија и студирал на Царската академија на уметностите во Санкт Петербург. Тој сакал да експериментира со јазикот и во една од неговите песни го претставил женското име Светлана, кое се здобило со популарност преку истоимената балада од Василиј Жуковски.
Востоков бил познат за време на неговиот живот како поет и преведувач, но најголемо влијание имала неговата словенска граматика од 1820 година. Студирал српска кирилица низ историјата, на достапни пишани споменици. Преведувал српски народни песни на руски јазик (1824-1826) и ги објавувал во руски списанија. Тој бил еден од основачите на словенската филологија, дописен член на Друштвото за српска литература од 1851 година.
Во 1815 г. се придружил на персоналот на Националната библиотека на Русија, каде што ја открил најстарата книга напишана на словенски јазик, т.н. Евангелие од Остромир. Во 1841 г. тој бил избран во Руската академија на науките. Делата на Востоков за црковнословенскиот јазик добиле висока оценка од славистиката.
Тој ги поставил и темелите на современата руска топонимија. Во 1812 г. објавил статија под наслов „Пример за аматери по етимологија“ (),, каде што тој тврдел дека географските имиња (топоними) имаат елементи што се повторуваат, кои ги нарекол форманти, и кои помагаат да се утврдат етимолошки имиња. На пример, завршките -ва, -га и -ма на крајот од имињата како Силва, Онега и Кама, може да значат „вода“ на јазиците од кои потекнуваат овие имиња. Иако овој напис не добил доволно внимание за време на животот на Востоков, тој подоцна добил признание, а Востоков се наведува како еден од основачите на топонимијата во Русија.
Наводи
Надворешни врски
Биографија на мрежното место на САНУ
Категорија:Руски писатели Категорија:Членови на Руската академија на науките Категорија:Библиотекари Категорија:Руски јазичари Категорија:Руски поети Категорија:Руси Категорија:Слависти Категорија:Починати во 1864 година Категорија:Родени во 1781 година Категорија:Добитници на Демидовата награда Категорија:Балтички Германци Категорија:Редовни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Починати во Санкт Петербург