Џошуа Вилијам Дан (роден на 18 јуни 1988 година) е американски музичар. Тој е еден член од дуото Twenty One Pilots, заедно со Тајлер Џозеф, и свири на тапани и труба.
Ран живот Дан е роден во Колумбус, Охајо, од Лора Ли Дан (родена Меколум) и Вилијам Ерл „Бил“ Дан, асистент за физикална терапија. Тој израснал со две сестри, Ешли Бони Ли и Абигејл Кристин „Аби“ Дан, и брат по име Џордан Кристофер Дан.
Дан изјавил дека во детството бил бунтовен, агресивен, истакнувајќи дека неговите родители за малку ќе го избркале од дома кога имал 14 години.
Џош често со скејтборд се спуштал до локалната музичка продавница и купувал плочи, од кои повеќето биле од жанрот панк-рок. Неговите родители поставувале строги правила за тоа каков вид музика смее да слуша Дан. „Криев албуми како Дуки на Грин Деј под мојот кревет“, изјавил Дан. „Понекогаш ги наоѓаа и многу се лутеа. Најдоа христијанска алтернатива и ме тераа да го слушам тоа“.
Дан првично одеел на часови по труба на училиште, но „никогаш не бил одличен во тоа“. Изајвил дека лекциите го научиле само како да ја чита музиката, а не како да создава своја. Џош го свртел вниманието кон тапаните, но решил да биде самоук, наместо да зема часови, верувајќи во тоа време дека „некој друг што ме учи како да свирам на инструмент некако ми забрануваше да бидам креативен“. Еден метод, што го спомна Дан, бил имитирање на отчукувањата на плочите што ги купувал на електронски комплет за тапани.
Дан не присуствувал на факултет, наместо тоа живеел со пријатели и се фокусирал на своето музичко хоби. „Никаде не одев“, вели тој. „Еден ден му реков на татко ми: Дали си разочаран што работам работа со минимална плата, а не отидов на колеџ?“ Никогаш нема да го заборавам неговиот одговор. Тој одговори: „Не се работи за тоа колку пари заработуваш или каква е твојата работа, туку повеќе се однесува на твојот карактер. За тоа, јас сум горд на тебе.“ Тоа ми даде мотивација.“ Дан работел во Центар за Гитара три години заедно со неговите пријатели. Тука се сретнал со поранешниот тапанар на Twenty One Pilots, Крис Салих, кој го запознал со идниот колега од групата Тајлер Џозеф.
Кариера
House of Heroes Во март 2010 година, Дан се приклучил на Хаус оф хироус (House of Heroes) откако тапанарот на групата, Колин Ригсби, направил пауза за да помине повеќе време со своето семејство. На местото на Ригсби, Дан свирел на тапани за многу песни на албумот на групата Сабурба (Suburba). Дан се појавил и во музичкото видео Гад сејв д фулиш кингс (God Save the Foolish Kings), а обезбедува и вокално камео. Тој исто така учествувал во турнејата во живо на бендот до октомври, кога Ригсби се вратил на своите должности.
Twenty One Pilots мини| Дан настапи со Twenty One Pilots во Минхен, Германија во 2016 година Откажувајќи ја својата работа во Центарот за гитара, Дан планираше да замине за Нешвил, Тенеси во потрага по кариера како тапанар. Сепак, тој беше запрен од тапанарот на Twennty One Pilots, Крис Салих, кој му ја понуди својата улога. Тој продолжи да свири на шоу со Тајлер Џозеф откако Салих и басистот Ник Томас ја напуштија групата поради зафатен распоред. Тие свиреа една песна пред полицајците да го откажат шоуто. Дан последователно стана тапанар на групата со полно работно време.
Како дуо, Twenty One Pilots го издадоа вториот студиски албум на групата, Regional at Best, на 8 јули 2011 година и потпишаа со дискографската куќа Фјулд бај рамен, подружница на Атлантик рекордс, во април 2012 година.
Третиот студиски албум на Twenty One Pilots, Весл (Vessel), беше издаден на 8 јануари 2013 година.
Четвртиот студиски албум на групата, Блурифејс (Blurryface), беше објавен на 17 мај 2015 година, два дена пред предвидениот датум на објавување. Во овој момент во кариерата на бендот, бил на првото место на топ листите со нивниот хит Стресд аут (Stressed Out) - музичкото видео на песната се снимаше во старите домови од детството, и оттогаш има над 2 милијарди прегледи на YouTube .
Нивниот петти студиски албум, Тренч (Trench), бил објавен на 5 октомври 2018 година.
Гостувања
Дан бил вклучен во синглот на Џорџ Вотски Миднајт харт (Midnight Heart) во 2016 година за албумот x Infinity . Покрај тоа, тој се појави и во музичкото видео. Дан се појавил на двата сингла Севиџ и Олмоуст хед ми (Savage и Almost Had Me) од албумот Скин енд Ерт (Skin and Earth) на канадскиот пејач и текстописец Lights. Во 2017 година, Дан соработувал со Хејли Вилијамс од Парамор (Paramore) за да ја промовира својата линија за фарби за коса Гуд Дај Јанг (Good Dye Young). Во 2020 година, Дан свирел тапани на песната Дарк тајмс (Dark Times) од Хуна (The Hunna).
Личен живот Дан во врска со музиката изјавил: „Отсекогаш сум сакал да свирам тапани и сега сум во можност тоа да го правам на ноќна основа.“ Тоа е она што најмногу го сакам, да се дружам со луѓе во една соба и да дозволам музиката да не обедини - знам дека звучи навистина драматично, но тоа е навистина кул искуство и нешто од што нема да се заморам уште некое време.“
Двајцата Џош и Тајлер имаат тетоважа „Х“ на своето тело што ја симболизира нивната посветеност на нивните обожаватели од родниот град во Колумбос, Охајо. Тие ги добиле на сцената за време на нивното шоу во Лајфстајл Комјунитис Павилијн на 26 април 2013 година. Кај Тајлер се наоѓа на десниот бицеп, а кај Џош се наоѓа на вратот зад десното уво. Дан го носи и името „Тајлер“ над левото колено.
Џош бил во врска со глумицата Деби Рајан од мај 2013 до септември 2014 година. Потоа, парот ја продолжил својата врска. На 23 декември 2018 година, Дан ја објавил својата свршувачка на својот Инстаграм профил. На 31 декември 2019 година тие се венчале.
Награди и номинации Година Свеченост Награда Номиниран Резултат 2014 година Алтернатив Мјузик Прес Награда Најдобар тапанар Џош Дан Победник
Наводи
Надворешни врски
Џош Дан на Твитер
Категорија:Американски тапанари Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Статии со hCards