Жезказган (казашки: Жезқазған; руски: Жезказган), порано познат како Џезказган (руски: Джезказган, до 1992 година) — град во Улитауската Област, Казахстан, на резервоарот на реката Кара-Кенгир. Населението во 2019 година изнесувало 87.200. Неговото урбано подрачје го вклучува соседниот рударски град Сатпаев, за вкупно градско население од 148.700 жители. До 2022 г. бил во Карагандинската Област.
55% од населението се Казаци, 30% Руси, со помали малцинства Украинци, Германци, Чеченци и Корејци.
Историја Градот е основан во 1938 година во близина на богати наоѓалишта на бакар. Во 1973 година беше изграден голем рударско-металуршки комплекс на југоисток од градот за топење на бакарот. Други рудни метали кои се копаат и преработуваат се манганот и железото.
За време на советската ера, Жезказган бил местото на логорот Гулаг, Кенгир, споменат во книгата „Архипелагот Гулаг“ на Александар Солженицин и „Американец во Гулаг“ на Александар Долгун.
Географија Жезказган се наоѓа во самото срце на Казашките степи. Исто така е во близина на географскиот центар на земјата.
Клима Жезказган се одликува со континентална полусушна клима; дождот е чест, но никогаш обилен и месечните врнежи од дожд никогаш не достигнале 100 милиметри. Просечната температура се движи од 24 °C (75 °F) во јули до −16 °C (3 °F) во јануари, додека крајностите се движат од 43 °C (109 °F) во јуни 1988 година до 41,1 °C (- 42.0 °F) во февруари 1951 година.
Население ГодинаНаселение195932 442197962 4951989108 8211991111 100199990 001200986 227201484 763201686 430201987 200
Етнички состав Етничкиот состав на жителите на Жезказган (2019 година): НародВкупноУдел (%)Казаци62 32268.01Руси22 10224.12Украинци2 0182.20Германци1 0311.13Татари945 1.03Белоруси427 0.47Корејци451 0.49Азери532 0.58Молдавци2530.28Узбеци219 0.24Чеченци1380.15Башкири173 0.19Полјаци3550.07Чуваши4040.11други823 0.90вкупно91 641100.00
Индустрија мини|Жезказган Денес градот е седиште на бакарниот конгломерат Казахмис, главниот работодавач на градот. Компанијата има подружници во Кина, Русија и Велика Британија и котира на лондонската берза. Постои електрична централа, Електрана на Казахмис, со капацитет за производство од 207 MW и главен оџак висок 220 метри.
Транспорт Жезказган има железничка линија до главниот град на Карагандинска Област, Караганда.
Жезказган е поврзан со автопат со Караганда преку европската рута Е018 и Кизилорда и Аркалик преку европската рута Е123. Во градот се наоѓа аеродромот Жезказган.
Економски и еколошки предизвици Жезказган е моноград. Градот е економски нестабилен бидејќи градот функционира само поради едно претпријатие (ресурс), што го ограничува неговиот развој. Жезказган има голем потенцијал да стане логистички центар на Казахстан, бидејќи ги поврзува Северот и Југ,от Западот и Истокот. Но, инфраструктурата и патиштата не го дозволуваат тоа. Профитот на Жезказган главно се троши на развој на големите градови како Астана, Алмати, Караганда итн. Само мал процент користи самиот град. Моноградовите се многу зависни од нивното претпријатие и флуктуациите на цените на светскиот пазар. Промените во овие аспекти можат да доведат до сериозни економски проблеми во градот. Државните службеници го разбрале ова и се обидуваат да создадат и развијат различни извори на приход. На пример, железничката линија „Жезказган-Бејнеу“ е изграден за да ги поврзе Европа и Персискиот Залив и да извезува производи.
Поврзано
Казахстан Градови во Казахстан Улитауска Област
Наводи
Надворешни врски Слики од Жезказган
Категорија:Градови во Казахстан Категорија:Населени места основани во 1938 година Категорија:Населени места во Улитауската Област