Буеви Ниви — населба од неолитското време во атарот на селото Дрен, Македонија. Се наоѓа близу до селото, на 200 метри од неговата источна страна, на една издолжена и зарамнета височинка. По целата површина има фрагменти од неолитска керамика, меѓу кои доминираат фрагментите со барботин-орнаменти. Најголема концентрација на керамика се забележува во централниот дел на висорамнинката, во нивата на Вано Станоев.
Поврзано Браова Нива — населба од доцноантичкото време; Бука — некропола од римското време; Голем Змеовец — светилиште од римското време; Калуѓерска Чука — средновековна црква; Колнеш — рударска населба од доцноантичкото време; Лути Камен — топилница од доцноантичкото време; Оризари — населба и некропола од средниот век; Црквиште — викус од доцноантичкото време; Дрен; и Список на археолошки наоѓалишта во Демиркаписко.
Наводи
Категорија:Дрен (Демиркаписко)