Ипсарио () — планина на островот Тасос, југоисточна Егејска Македонија. Највисокиот врв, кој го носи истото име, е висок 1.206 метри. Туристичката патека за искачување на врвот почнува од селото Потамија и трае околу 3 часа, поради големата висинска разлика со поаѓалиштето. Југозападната страна на Ипсарио е значително порамна. До врвот на планината се стасува и со автомобил по земјен пат кој минува од другата страна на планината.
Врвот нуди поглед на целиот остров, како и на соседниот врв Агиос Илијас (Свети Илија).
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Тасос